Бурниот љубовен живот на Бред Пит

26 септември, 20160
5

Не е тајна колку бурен љубовен живот имаше Анџелина Џоли. Полн со скандали и крв, а од друга страна пак ниту Пит не бил поинаков. Врски со мажени, една го оставила поради друг, па потоа тој ја оставил за друга. Ова се сите љубови, врски и скандали кои се поврзани со Бред Пит.

Една од првите познати врски на Бред, беше со Робин Гивенс, поранешната сопруга на Мајк Тајсон. Тие беа во врска од 1986 до 1987 година баш во текот на разводот меѓу Тајсон и Гивенс. Потоа Мајк јавно раскажа како ги уловил на дело во спалната соба. Храбро од страна на Бред. Подоцна Бред кратко бил со Џил Шолин 1989 година. Биле верени, но таа му раскинала додека снимала филм во Унгарија.

Една од омилените американски актерки, Кристина Еплгејт, била во врска со Бред Пит крајот на 1989 година. Тогаш имала 18 години и заедно се појавиле на доделувањата на МТВ наградите. Потоа го оставила заради друго момче.

Крајот на осумдесетите години од минатиот век, Бред Пит се гледал со британската пејачка Синтија. Кога подоцна ја прашале каков е Пит разголен, таа одговорила: Уф, одличен! Има сјајно тело, се глеавме околу две години, беше забавен, сладок и млад.

Почетокот на деведесетите Бред Пит бил во врска со Џулијет Луис. На почетокот на врската таа имала 16 години, десет помалку од Пит. Иако тој во 1994 година имаше кратка страствена авантура со една манекенка, во едно интервју изјави дека се уште ја сака Џулијет. Таа е веројатно единствена негова непрежалена љубов.

Љубовна бајка се случи и со Гвинет Палтроу крајот на 1994 година. Беа заедно до 1997 година и беа двојка која ветува. Сите беа одушевени, но Гвинет минатата година изјави:

-Едноставно не бев подготвена, беше премногу добар за мене!

Врската со Џенифер Анистон ја почна од 1998 година. После две години врска се венчаа во Малибу. Проблемите им се појавиле кога тој почна да снима со Анџелина Џоли. Се разделија во јануари 2005 година.

За оваа врска се е кажано. Бранџелина: 2004 – 2016. Останува да видиме за кого ќе биде погубен разводот, но во моментов Анџелина е во предност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi