Кај кого ќе отидe богатството од 135 милиони фунти на Дејвид Боуви?

14 јануари, 20160
12

Култниот музичар Дејвид Боуви зад себе остави богатство вредно 135 милиони фунти, а се верува дека во целост и го оставил на својата втора сопруга Иман, синот и ќерката.

Дејвид во текот на 70.тите беше на работ на банкрот, но со паметните деловни потези во 1997 година успеа да го врати богатството назад. Имено, тогаш по пат на деловна шема осигураше повраток на авторските права на своите најпопуларни хитови, што на крајот му донесе милиони.

“Prudential Insurance Company” за првите 25 албуми снимени од 1990 година му исплати 37 милиони фунти.

Боуви во својата кариера напиша повеќе од 700 песни, а продаде 140 милиони албуми.

– Беше доволно паметен да повлече потези со кои го осигураше своето семејство. Многу музичари не се толку паметни, па остануваат без авторски права на своите дела. Но, тој успеа да го задржи своето наследство во своите раце. Неговите песни беа негови деца – вели Дејвид Пулман, банкарот кој ја осмисли шемата која на Боуви му ги врати милионите.

Пулман тврди дека своето семејство Боуви го осигурал уште во пресрет на својот 50-ти роденден, ослободувајќи се уште тогаш од сите недостатоци во тестаментот.

Голем дел од заработката на Боуви е резултат на низа исклучително успешни светски турнеи, а само од последните се проценува дека зработил 41 милиони фунти.

По неговата смрт три негови албуми, вклучувајќи го и последниот “Blackstar”, се искачија на врвот на листите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi