Леонардо ДиКаприо изјави дека ќе оди на Марс

5 октомври, 20160
1

Во понеделник, Леонардо ДиКаприо разговараше за климатските промени и го претстави неговиот нов документарен филм, „Пред поплавата“, во Белата Куќа. Тој беше дел од панел со Претседателот Барак Обама и климатскиот научник Катарин Хејхо. Во еден момент, Хејхо ја отвори темата за тоа колку е важно да не се преплашуваме од сите извештаи и едноставно да реагираме како луѓе кои живеат на Земјата. Потоа, таа се пошегува, „Сé додека не сме се запишале за патувањето на Марс. Не познавам никој што го направил тоа, мислам дека би било лудо. Тивко, Лео кажа, „јас го направив тоа“, со што Хејхо зажали за нејзиниот коментар. Друг учесник на панелот се пошегува дека верува дека Лео ќе признае дека е луд. Панелот се пренесуваше во живо на официјалната Facebook страница на Лео. Неговата случајна изјава за Марс се појавува во 24-та минута од преносот.

Како што појаснува списанието Business Insider, Лео најверојатно зборувал за патувањето на Марс планирано од Елон Маск. Ова патување е планирано за 2025 година, што значи дека сé уште имате време негде случајно да се најдете и да се заљубите во Лео. И на крај, веруваме дека Лео само се шегувал за патувањето на Марс.

„Пред поплавата“ ќе има премиера на каналот National Geographic на 31 октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *