Познатиот пејач се разведува по трет пат овојпат поради Џенифер Лопез?!
Веќе подолго време кружат гласини за наводен крај на бракот на Марк Ентони (48) и манекенката Шенон де Лима (28) откако пејачот ја бакна во уста поранешната сопруга Џенифер Лопез.
Марк и Шенон официјално ги потврдија наводите и изјавија дека донеле одлука да се разведат.
– По многу размислување, заедно решивме дека нашиот брак е завршен. Молиме за приватност во текот на процесот на разводот – објаснија Марк и Шенон, додавајќи дека ниту една страна нема да изнесува детали во јавност.
Во Лас Вегас, на доделувањето на латино Греми наградите, Џенифер Лопез на поранешниот сопруг му врачи награда, а публиката почна да извикува „бакнеж “ по што поранешните сопружници страствено се бакнаа и се прегнаа.
– Шенон повеќе не можеше да поднесе сопругот постојано да биде со Џенифер Лопез. Тие снимаат нов албум, настапуваат заедно, имаат две деца, а сега се бакнаа пред сите – изјави пријател на манекенката.
https://www.youtube.com/watch?v=SFx69tTHAWQ