8 причини за 8 чаши вода дневно

30 април, 20160
2

Пијте вода пред, за време и по вежбањето и постојано ќе бидете подготвени за повеќе.

Прочистува

Водата помага за прочистување на цревата и подобрување на циркулацијата на крвта. Освен тоа, ги стимулира жлездите и помага за подобро варење на храната. Во кратки црти, водата помага се да работи под контрола.

Болест

Првата работа која ќе ви ја каже секој доктор кај кого ќе појдете па дури и за едноставна настинка е несување дневно течности. Во комбинација со редовниот сон и здравата исхрана, водата е вистинскиот лек.

Наутро

Водата ќе ви помогне да се разбудите. Да, водата е одличен начин да го започнете денот. Заморот кој го чувствувате е еден од првите знаци на дехидрација, така стартувањето на денот со чаша вода ќе ви помогне да бидете активни и свежи во текот на целиот ден.

За мускулите

Оние кои активно се занимаваат со спорт ја знаат важноста на водата. Вежбањето предизвикува потење, односно губење многу повеќе течности отколку што внесуваме. Затоа, пијте вода пред, за време и по вежбањето и постојано ќе бидете подготвени за повеќе.

Телесна тежина

Дали знаевре дека некогаш кога посегате по ќесичка чипс, не сте гладни, туку дехидрирани? Јадењето кога ни е здодевно или коа сме под стрес е честа појава. Водата е одлилна прва помош при вакви ситуации бидејќи го спречува прекумерното внесување калории.

Се бори со акните

Водата ја одржува ПХ вредноста на кожата, а со тоа помага при појава на акните. Консумирањето шеќери, кофеин и брза храна придонесува за нарушување на хормоналниот баланс. Со пиењето на вода, се воспоставува рамнотежа во организмот, а кожата се одржува чиста, хидрирана и сјајна.

Повреди

Појавата на грчеви во организмот може да биде резултат на повеќе причини ( грчењето на мускулите по вежбањето, болки во стомакот како резултат на ПМС) Главната причина може да биде недостатокот на вода во организмот. Минералите во водата ги смируваат болките бидејќи поттикнуваат метаболички процеси.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *