Алкохолот причнува најмалку седум видови на рак, докажува ново истражување

16 септември, 20160
6

Можеби ќе сакате да размислите два пати пред да го нарачате вториот пијалок овој викенд – ново истражување тврди дека алкохолот е директно поврзан со најмалку седум видови на рак.

Студија издадена во журналот Addiction на 21 Јули открива дека постои силен доказ дека алкохолот предизвикува рак на седум места во телото и најверојатно и на други и дека видовите рак причинети од алкохол на овие места сочинуваат 5,8% од сите смртни случаи од рак во светот, според абстрактот на оваа студија.

Иако алкохолот никогаш не се сметал за еликсир на здравјето, студијата – направена од истражувачи во Отаго универзитетот во Нов Зеланд – го продлабочува аргументот, тврдејќи дека не само што има врска помеѓу алкохолот и рак, туку дека тој директно го причинува.

И покрај тоа што истражувачте сé уште не се сигурни што точно се случува во телото за консумирањето на алкохол да доведе до рак, некои шпекулираат дека алкохолот може да ја мутира ДНК-та, причинувајќи аномалии на  клетките. Авторите на истражувањето цврсто се држат до фактот дека постои каузална врска помеѓу консумирањето на алкохол и рак.

„Дури и без потполно разбирање на биолошките механизми [за тоа како алкохолот причинува рак], епидемиолошките докази го поддржуваат пресудувањето дека алкохолот причинува рак на орофаринксот, гркланот, хранопроводот, црниот дроб, дебелото црево, ректумот и дојката,“ тврди Џени Конор, автор на студијата.

Уште полошо е тоа што, според истражувањето, ризикот од рак постои и за тие што не пијат многу. „Највисокиот ризик е поврзан со обемно пиење, но значаен ризик се поврзува и со ниско до умерено консумирање на алкохол поради дстрибуцијата на пиење кај населението,“ објаснува Конор.

Конор стигна до овој заклучок по разгледување на студии изработени во текот на една деценија од истражувачки организации за рак, вклучувајќи го и Светскиот истражувачки фонд за рак, Меѓународната агенција за истражување на рак и Светската здравствена организација.

Работата на Конор е добро примена од страна на здравстсвените експерти низ светот, кои изразуваат фрустрација за ефективно соопштување на глобалната публика за врската помеѓу алкохолот и рак.

„Знаеме дека девет од десет луѓе не се свесни за врската помеѓу алкохолот и рак,“ му соопшти на весникот Guardian Др. Џена Вит, здравствен информативен службеник од Центарот за истражување за рак на Обединетото Кралство. „Овој преглед е непријатен потсетник дека постои силен доказ што ги поврзува двете.“

Како и со повеќето пороци, експертите велат дека логични пристапи – како умереност – се клучни во справување со опасните влијанија на здравјето. Навистина, студијата открива дека откажувањето од алкохол може да го одврати ризикот од некои видови на рак, и дека ризикот се намалува што повеќе некој абстинира од алкохол.

„Да имате по некој ден без алкохол секоја недела е добар начин да ја намалите дозата на пиење алкохол,“ објаснува Вит. „Исто така, пробајте да го замените секој втор алкохолен пијалок со безалкохолен пијалок, одберете помали дози или верзии на пијалоци со помалку алкохол и не чувајте големи залихи на алкохол дома.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *