Едноставна диета со која се губат 10 килограми месечно

15 јуни, 20160
9

Оваа популарна диета ветува губење на 10 килограми масни наслаги за само еден месец, но освен тоа, и прочистување на организмот, поубава и поздрава кожа, поквалитетни нокти и коса и подобро расположение. 

Главната тајна е во избегнувањето на јаглените хидрати, но без премногу оптеретувања и одрекувања, туку според даден план. Имено, јаглехидратите се исфрлуваат од исхраната од понеделник до сабота, додека во недела се јадат за појадок и за ручек. Потоа од понеделник се повторува истата шема од почеток.

Во текот на диетата можете да јадете:

· Сите видови на месо
· Млечни производи (со што помалку јаглехидрати и во ограничени количини) како сирење, кашкавал, најмногу половина литар јогурт и сл.
· Зеленчук – сите видови на зелен зеленчук: зелка, марула, краставица, брокула, карфиол, кромид, лук, малку домати, тиквички, пиперки, целер, спанаќ, рукола, се што е зелено и по малку од другите бои.
· Јајца на сите можни начини (при пржење е дозволена само една супена лажица масло)
· Јаткасти плодови – бадеми, ореви, лешници, кикиритки и сл., најмногу една шака дневно
· Најмалку 2,5 литра вода во текот на денот

Никако не смее да се јаде:

· Какви било пецива и леб, тестенини, односно се што е од брашно.
· Овошје никако првата недела, а исто така не смее ниту компир, ориз, грав, грашок, соја, боранија и сл.
· Слатки и торти, односно се што е благо и содржи шеќер
· Сокови, алкохол
· Грицки

Оваа листа се користи првите 6 дена, односно од понеделник до сабота. Во недела, односно на 7 ден, за појадок и ручек се внесуваат тестенини, компири, ориз и сл. Благо и понатаму не се јаде. Во случај на криза за благо се препорачува да се послужите со мед или некој интегрален бисквит. Потоа пак се враќате на првиот ден и ја повторувате диетата без никакви јаглехидрати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi