Колку дена варените јајца може да се консумираат?

12 мај, 20160
23

Јајцата се многу вкусен и хранлив оброк. Содржат протеини и голем број витамини и минерали, па можат во целост да го заменат месото. Лесно сварливи се и релативно со ниска калориска вредност, пишува „Јумама“.

Јајцата може да се приготват на многу начини, од што зависи и сварливоста, односно искористливоста на јајцето: вареното е поискористливо, додека прженото губи извесна количина од белковините. Најлесно за варење во организмот е вареното јајце, а најтешко е печеното јајце.

Како правилно се варат јајцата?

Благодарение на лушпата, варените јајца ја задржуваат целата хранлива вредност. Еве совети како да ги сварите:
Ладни јајцата ставете ги во тенџере (во еден ред). Налејте ги со вода од чешма – околу три сантиметри преку јајцата. Поклопете ги и на висока температура доведете ги до вриење. Намалете ја температурата, па на умерен оган варете уште девет минути. Додавањето на сол во водата за варење го олеснува подоцнежното лупење.

Потоа јајцата ставете ги под млаз ладна вода. Така изладени ставете ги чиста кутија или картон за да не ги апсорбираат мирисите од другата храна од фрижидерот.

Свежите јајца потешко се лупат од оние кои се стари седум до десет дена.

Дали јајцето е свежо?

Во чаша со вода ставете свежо јајце. Доколку падне на дното или со потесниот дел е свртено нагоре, свежо е, а доколку плови, би требало да го фрлите бидејќи е расипано.
Јајцето што се наоѓа некаде на средина на водата, може да се користи, иако не е целосно свежо.

Како да се чуваат јајцата?

Свежите јајца во фрижидерот можат да стојат четири од пет недели. Лушпата е „прва линија на одбрана“ па внимавајте да не пукне. Јајцата со пукната лушпа не се за јадење.

Тврдо варени јајца

Тврдо варените јајца побрзо се расипуваат од свежите, бидејќи со варењето се мие заштитната обвивка, на тој начин оголувајќи ги порите на лушпата и отворајќи ги за влез на бактериите. Два часа по варењето, јајцата треба да ги ставите во фрижидер – на тој начин може да останат свежи до една недела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi