Колку сте по стари – по тешко слабеете: Еве кои се причините за ова

20 мај, 20160
2

Сите сме го почувствувале оној незгоден момент кога вагата покажала не така пријатна бројка. Не е никаква тајна дека со 35 или повеќе години потешко ја одржуваме формата.

Како почнало се? Можеби во студентските денови кога живеевте на пица, пиво и кока-кола. И пак имавте добра фигура. Но, прочитајте ги вистинските причини поради кои по 35-тата потешко може да ги намалите килограмите.

Не спиете доволно

Сонот е темелот на здравиот живот. Доколку не спиете доволно, вашиот имунитет станува се послаб, метаболизмот се забавува,а килограмите се наголемуваат. Сега кога вашето работно време почнува во осум часот, а со семејните обврски оние осум часа сон ви делуваат како бајка која никогаш нема да ја достигнете.

И како тогаш го полните својот резервоар?

Обично со нездрави намирници, шеќер и транс-масти. Работите до доцна, легнувате уште подоцна, а наутро иста приказна. Уморот предизвикан од недоволно сон ја намалува и желбата за здрав стил на живот, па затоа помали се шансите да вечерате салата.

Како што велат експертите, повеќе сон нема да ви помогне директно да изгубите килограми, но недостатокот на сон ќе направи да ги зголемите килограмите. Всушност, една студија покажала дека недостатокот на сон  прави вашиот мозок да има потреба од високо калорична храна.

Вашиот метаболизам едноставно не е истиот

И тоа едноставно мора да го прифатите. Додека бевте млади можевте ја јадете и по неколку чоколади и крофни и тоа никаде да не се „залепи“. Сега ситуацијата е едноставно поинаква.

Според зборовите на познатиот др Оз, метаболизмот секоја декада по 40-тата се забавува за пет пати. Тогаш веќе не можете да трошите калории како порано. Сепак, многу експерти тврдат дека решение постои, а дека тоа е од вашето дневно мени да намалите 100 калории. Иако не се чини многу, на годишно ниво тоа се потенцијални 10 килограми помалку.

За почеток избегнувајте преработени месни производи, мајонез, преливи за салата, полно масни сирења.

Промена во хормоните

И за ова треба да им се „заблагодарите“ на своите хормони. По 40-тите опаѓа нивото на естроген што предизвикува промени со тироидната жлезда, но и во шеќерот во крвта. Доаѓа до губење на мускулна маса, што всушност значи послабо согорување на масти.

Иако не можете да го промените нивото на хормони, може да ги ублажите овие ефекти, така  што  нездравата хранат ќе ја замените со намирници богати со влакна, како што се интегралните житарици и јаткасти плодови.

Губите мускулна маса

Веројатно сте слушнале дека мускулите тежат повеќе од салото, а тие согоруваат и три пати повеќе калории. Ова е поврзано со нивото на тестостерон кој со текот на годините опаѓа.

Како да се изборите со овој проблем?

Тренирајте! Секој килограм мускул ќе го забрза вашиот метаболизам и ќе ви помогне да согорите повеќе калории во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi