Не е “хроно” сé што се рекламира

27 октомври, 20160
3

Има многу злоупотреби на сé попопуларниот режим

„Хроно“ производите сé почесто се наоѓаа на полиците како роба што би требало да ги привлече купувачите заинтересирани за здрава исхрана. Често во понудата има и многу водичи за “хроно кујна” и препораки за “хроно рецепти”, што всушност е маркетиншка злоупотреба на сé попопуларниот режим на исхрана кој се темели на фактот дека во одреден дел од денот, треба да се јаде оваа храна бидејќи организмот може најдобро да ја искористи.

– Има многу лоши производи и плагијати што се продаваат под име на хроно исхрана – вели Др. Ана Гифинг која прва го промовираше овој нутриционистички режим низ конкретни совети, рецепти, како и работа со пациенти.

Др. Гифинг која ја промовираше својата нова  книга “Мои први залчиња” минатата недела, посветена на правилната исхрана на децата, вели дека за хроно режим не се потребни готови “хроно производи”, туку дека најважни се времето на оброкот и изборот на намирници.

Појадокот е обврзен, бидејќи тогаш организмот е најактивен во ослободување на масла кои се главни за обезбедување на енергија неопходна за работа на срцето и белите дробови. Во тој дел на денот би требало да се јадат јаглени хидрати – леб, разни житариц и масла од животинско потекло. Идеално време за ручек е околу 13-15 часот, а изборот би бил протеини од растително и животинско потекло, поточно месо и зеленчук кои се извор на “бавните” шеќери и влакна.

Навечер кога започнува периодот на одмор, најдобар оброк се салати од свеж зеленчук зачинети со ладно цедено масло и месо печено на скара.

Правила на „хрононутрициите“

– Обврзно по три оброци дневно;

– Паузата меѓу оброци е 4 часа;

– Вечерата треба да биде најмалку 2 часа пред спиење;

– Забранети се газирани пијалоци и сите видови на грицки;

– Благите работи се дозволени само од 16 до 18 часот, десертот дури еден до два часа по ручекот;

– Овошјето не се јаде наутро и навечер;

– Леб, тестенини, како и скробните зеленчуци (компир, грашок) се јадат најдоцна до 15 часот;

– Најдобар е свежиот зеленчук, а ако се вари, подобар избор е да се вари на пареа;

– Кравјото млеко не е дозволено бидејќи тешко се вари, туку киселото млеко и сирењата;

– Маргаринот, растителни сирења (освен тофу – сирење од соја), растителна павлака, растителен шлаг и пекарски пецива не се дозволени, бидејќи се извор на индустриски транс-масти кои го зголемуваат нивото на лошиот холестерол.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *