Ова се ТОП намирници кои помагаат во губење на килограмите!

26 јуни, 20160
2

Некои намирници се вистински сојузници во согорување на калориите, па наместо да ја избегнувате храната, ви ги претставуваме намирниците кои треба што повеќе да ги консумирате во борбата со килограмите.

Верувале или не, нашето тело не сака да ги потхранува маснотите, но кога веќе ќе ги насобереме, како што пишува Јаху, пред нас е тешка задача да го симнеме вишокот килограми. Но, оваа работа може да ни ја олеснат некои намирници. Тие се вистински сојузници во согорување на калориите, па наместо да ја избегнувате храната, впрочем како што прават сите што сакаат да ослабат, ви ги претставуваме намирниците кои што треба што повеќе да ги консумирате во борбата со килограмите.

Риба

Рибите содржат Омега 3 масни киселини и се богати со протеини кои ни даваат чувство на заситеност. Организмот троши многу п0веќе калории за варење на протеините отколку маснотиите и јаглехидратите, па затоа рибата е одлична намирница доколку сакате да ослабите.

Јаткасти плодови

Овие плодови содржат доста магнезиум, а со недостаток на магнезиум во организмот се пореметува ритамот на спиење, а тоа може дури и да ја зголеми желбата за намирници кои се богати со јаглехидрати.

Млеко

Иако врската помеѓу калциумот и слабеењето се уште не е докажана потполно, некои студии покажуваат дека млекото позитивно делува и на губењето на масните наслаги во пределот на стомакот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi