Овошјето кое лекува 10 болести и менува 10 лекови

20 август, 20160
27

Рибизлите се познати по своите лековити својства кои не треба да ги занемариме. Со оглед на тоа дека нивната секојдневна консумација спречува над 10 здравствени проблеми, со самото тоа ја спречува и потребата од 10 различни лекови.

Црвената рибизла содржи протеини, јаболкова и цитрусна киселина, како и гама-линолна киселина. Богата е со калциум и фосфор, а изобилува со витамини од В група (В1, В2, В3 и В6) С, А и K. Црвената рибизла е одличен извор на антиоксиданси и минерали кои го подобруваат квалитетот на кожата и косата.

Помага при детоксикација на телото и така ја зголемува отпорноста на организмот од различни болести. Содржи витамин С, како и железо кое помага при анемија. Витаминот С има и антивоспалителни својства, кои го намалуваат делувањето на алергенот, штитат од бактерии и вируси и ги олеснува тегобите предизвикани од астма.

Рибизлата содржи калиум, важен за здравјето на срцето и квалитетна работа на целиот организам. Делува превентивно на хипертензија, го намалува крвниот притисок и помага при намалување на ризикот од мозочен удар. Има значително голема количина на витамин K, кој помага при згрутчување на крвта. Витаминот е задолжен за одржување на здрави коски, бидејќи го регулира калциумот во коските, па се препорачува и при остеопороза.

Без разлика дали се јаде свежа, во вид на сок или желе, рибизлата има одлично лаксативно дејство. Ако се консумира неколку денови по ред, проблемот со нередовното празнење на стомакот ќе стане минато. Со оглед дека содржи влакна, редовната консумација ја поттикнува работата на цревата и желудникот и на природен начин го забрзува варењето на храната. Се користи и како тоник за апетит, кој се консумира пред оброкот.

Црвената рибизла е познат диуретик, бидејќи ја поттикнува елиминацијата на уринарната киселина, што е важно за оние кои патат од ревматски болести.

Семките во плодот рибизла содржат гама-линолна киселина, која го намалува зголемениот крвен притисок, болките и воспаленијата, ги ублажува алергиските реакции и проблеми со кожата. Семките е добро да ги користите за ублажување на ПМС, алергија, напнатост, стрес и псоријаза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi