Почнете го денот со две чаши вода

3 февруари, 20160
25

Штом станете наутро, испијте две чаши млака вода. Тоа ќе ја поттикне работата на органите, а ќе ја добиете и неопходната енергија после спиењето. Водата има повеќекратна улога во организмот. Неопходна е за метаболизмот и нормалните физиолошки функции, обезбедува внес на есенцијални материи како калциум, магнезиум и флуор, а учествува и во исфрлањето на токсините од виталните органи.

Исто така, донесува храниливи материи до клетките, ја хидрира кожата и ја одржува нормалната телесна температура и притисок. Колку вода треба да пиете на ден, може да пресметате според потрошените калории во текот на денот. Се советуваат 100 милилитри вода на секои 100 потрошени калории. Треба да водите сметка и кога ја пиете водата.

Истражувања покажале дека од утро до вечер, постојат четири термини кога мораме да внесеме течност за отпимален ефект врз организмот. Освен утринската доза, вода треба да пиеме и пред ручек, пред туширање и пред спиење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi