Премалку сон не помага во слабеењето

15 декември, 20160
1

Ако ноќе спиете помалку од осум часа, тоа нема да ви помогне ако држите диета.

Експертите објаснуваат дека сонот е клучен за успешно слабеење, бидејќи е поврзан со производство на хормони за контрола на апетит – грелин и лептин, на хормони за енергија – тиреотропин и кортизол, како и на хормонот за стрес.

Грелинот му порачува на телото дека енергијата му е потребна кога сме гладни, а лептинот кога е доста, бидејќи го контролира апетитот. Но, поради недостиг на сон, нивната функција се пореметува и лептинот тогаш не делува. На сличен начин, поради недостаток на сон, делува и појачано лачење на хормонот на стрес – кортизол. Тој тогаш ја зголемува гладта и го успорува метаболизмот, поради што внесуваме повеќе калории, а помалку ги трошиме.

За да делува диетата, важно е да ја изедете вечерата, како и да ги сторите вежбите најмалку два часа пред спиење, бидејќи така ќе се избегнат проблеми со несоница врзани со варењето. Поранешните испитувања покажуваат дека оброците со малку јаглени хидрати носат подлабок сон за време на ноќта и го забрзуваат варењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *