Тиква – покрај неа расположението ќе ви биде одлично

22 декември, 20160
3

Тиквата е одлично овошје што стасува за време на есента и е одлична за вашето расположение во тек на целиот ден.

Богата по своите нутритивни вредности, тиквата ќе ви овозможи добра работа на цревата, како и добро расположение. Тиквата содржи аминокиселина која поттикнува излачување на серотонин во организмот. А, за тие кои не знаат, серотонин е хормон кој создава ведро, весело и добро расположение и на тој начин ја поттикнува среќата.
Тиква може да јадете печена, варена, или како додаток на некое јадење. Наједноставен начин секојдневно да јадете тиква е да ја испечете во рерна. Купете на пазар поголемо парче тиква, исечете го на парчиња толку големи колку за една порција. Испечените парчиња може да стојат неколку дена, а да не ги губат своите својства.
Така испечената тиква можете да ја јадете наместо појадок. Многу е хранлива, па ќе ви помогне да имате чувство на ситост, а од друга страна гарантирано ќе влијае на вашето добро расположение.
Луѓето кои често паѓале во депресија и кај кои била потврдена анксиозност, тврдат дека тиквата им помогнала многу за да ги решат своите психички проблеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi