7 знаци дека сте со погрешен партнер

28 мај, 20160
1

Дали често си го поставувате прашањето „Како да знам дека тој е вистинскиот за мене?“ Пред сè треба да знаете зошто сакате да бидете во врска и кои карактеристики би требало да ги има вашиот партнер.

За да започнете една врска, прво треба вие да бидете вистинската личност, за да можете да ја најдете вистинската личност за вас. Тоа значи дека треба да научите да се сакате себеси, да процените самите колку вредите и да можете да пружите љубов. Запрашајте се дали можете да пружите љубов или сте само очајни за да ја добиете. Ако вашата цел не е да пружите љубов, туку да добиете љубов, тогаш ниту една врска не би била добра за вас. Но, ако сфатите дека сте личност којашто сака да пружи љубов тогаш поставете си ги следните седум прашања, за да сфатите дали тој е вистинскиот за вас:

Дали вашиот партнер е заинтересиран да научи повеќе за вас?

Најважната работа за една стабилна врска е да научите да се сакате себеси и другите. Партнерите кои не се заинтересирани, имаат проблем кога доаѓа до конфликт. Запрашајте се „Како тој се справува со конфликти?“ Некои луѓе знаат да бидат отворени и да пружат љубов сè додека не дојде до караница, која може да ги направи многу нервозни и повлечени. Ако тој се затвори во себе, колку време му е потребно за повторно да се отвори и да каже што чувствува? Очигледно, ако тој стане емотивно и психички насилен, не е вистинскиот за вас. Во една стабилна врска отвореното решавање на проблемите е најважно.

Дали вашиот партнер е способен да се грижи за вас и да покаже емпатија?

Ако забележите дека вашиот партнер не е способен да чувствува емпатија, тогаш тој не е вистинскиот за вас. Недостатокот на емпатија е еден од знаците на нарцисизмот.

Дали тој ви е привлечен и сакате да бидете во негова близина?

Ако во првите шест месеци од врската не почувствувате физичка привлечност кон вашиот партнер, тогаш таа нема ни да се појави. Тој може да ви биде пријател, но не и романтичен партнер.

Дали тој постојано сака да биде во право и да победува?

Ова е спротивно од заинтересираноста да научи повеќе за вас и не води кон една стабилна и успешна врска.

Дали имате исти интереси?

Дали сакате да ги правите истите работи или воопшто не се поклопувате во тоа како сакате да го поминувате времето?

Дали го делите истото религиозно и политичко мислење?

Се согласувате ли кога зборувате за тоа како би штеделе пари, како би одгледувале деца, или кога зборувате за храната и готвењето, вежбањето, дотерувањето и педантноста?

Дали тој е зависник од работи кои вас не ви се допаѓаат?

Дали ви смета доколку тој е зависник од телевизија или видео игри? Или пак доколку е зависник од шопинг и трошење на пари? Што ако е зависник од дрога или алкохол, коцкање или пак секс и порно филмови?

Кога некого навистина сакате, тоа значи дека го сакате поради тоа каква личност е, затоа не треба да очекувате да се промени. Но, доколку си ги поставивте овие седум прашања и сфативте дека очекувате вашиот партнер да се смени, тогаш тој не е вистинската личност за вас. Запомнете, ако вие сте вистинската личност, тогаш ќе ја најдете вистинската личност за вас. Доколку вие сте способни да пружите љубов, тогаш ќе привлекувате такви личности, со кои ќе можете да изградите стабилна врска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *