Астролозите го имаат одговорот: Како да ја најдете вистинската љубов?

25 мај, 20160
14

Овен

Овните се романтични, паметни и постојано се во потрага по нови сознанија и искуства. На нив може да им ги откриете и најдлабоките тајни. За нив се вели дека лесно се заљубуваат и за кратко може да се жртвува за партнерот кој го одбрал.

За жал, работите брзо им досадуваат, а запознавањето на нови луѓе и новите доживувања ги одржуваат во живот. Нивната фантазија е бесконечна и затоа се авантуристи. Кога е потребно, знаат да покажат заби и да бидат доминантни.

Идеални партнери:

Водолија – Со неа ќе имате доволно лична слобода. Водолиите се атрактивни и снаодливи, што им одговара на Овните. Овенот често е фасциниран од идеите на Водолијата и нивните цврсти животни убедувања, додека Водолијата го гледа Овенот како неверојатно моќна и забавна личност.

Близнаци – Тие анализираат се што е поврзано со нивниот партнер до најмал детаљ, а Овните сакаат да зборуваат за себе и уживаат во вниманието. Близнаците се комуникативни, секогаш во друштво на пријатели и така им ја овозможуваат слободата на Овните, која им е повеќе од потребна.

Бик

Биковите тежнеат кон безусловна љубов, уживаат во семејните собири и опуштената домашна атмосфера, топли се како личности, љубезни и емотивни. Приврзани се за родителите, децата и обожаваат животни. За нив рајот е во мирниот семеен живот. Ако сакате сериозна врска со Бикот, мора да се вклопите во таа слика.

Во љубовта се посветени, па постои голема шанса се друго да запостават заради партнерот. Единствен проблем може да бидат традиционалните вредности кон кои сакаат да се придржуваат во ова модерно време.

Идеални партнери:

Рак – Кога Бикот и Ракот ќе се спојат, тоа обично завршува со венчавка. Биковите се приврзаници на семејството, исто како Раковите кои се длабоко емотивни. Воспитани се така што вредно работат за да си осигураат комфорен живот.

Риби – Романтична комбинација затоа што главните одлики на Бикот се присебноста и цврстината, додека Рибата е нежна и емотивна. Заради разликите во темпераментот совршено се дополнуваат.

Близнаци

За Близнаците љубовта е рационална работа. Комуникативни се и тежнеат кон врски во кои постојано има успеси и падови. Од животот сакаат да го извлечат максимумот, а внимание им привлекуваат авантуристите. Кога животот им станува здодевен, утехата ја наоѓаат во љубовта.

Потребен им е весел и забавен партнер кој им ја разгорува фантазијата. Близнаците се динамични, па нивната волја за живот ќе го направи и вашиот посреќен и поисполнет.

Идеални партнери:

Овен – Близнаците се друштвени и како такви им ја даваат потребната слобода на Овните. Ако сексуалната врска на Овенот и Близнаците се зачини со внимание и романтика, може да прерасне во нешто прекрасно што е за долги патеки.

Лав – Лавот и Близнаците се гаранција за добра забава. Близнаците и Лавовите никогаш нема да бидат во посесивна љубовна врска и двајцата ќе го имаат она што го сакаат. Лавот ја цени остроумноста на Близнаците. Но, за оваа врска да успее мора да направат повеќе време само за нив двајца и да одморат од деноноќните забави.

Рак

Раковите се малку бавни, но сепак сакаат љубовни возбудувања. За нив љубовта се провлекува низ сите аспекти од животот. Константно бараат нежност. На прв поглед Раковите делуваат незаинтересирано, но тоа е само одбранбен механизам. Кога љубовта ќе им се случи, ги преминуваат сите граници.

Нивната топлина и емотивност ќе ве натераат да заборавите на се што е материјално. Сепак, за да ги освоите мора да се потрудите повеќе од вообичаено.

Идеални партнери:

Бик – Врската на Бикот и Ракот не е баш страствена, но би можела да успее ако Бикот си ја контролира тврдоглавоста, а Ракот емотивноста. Во секој случај Ракот и Бикот би требало да прават компромиси, но имаат големи  за бесконечна среќа.

Девица – Врските на Девиците и Раковите обично успеваат затоа што и двата знаци се свесни дека за љубовта и среќата треба да се борат. Имаат истенчени сетила, гурмани се и сакаат заедно да уживаат во животот. Затоа што и двата знаци побаруваат премногу, важно е да останат објективни меѓусебно.

Лав

Лавовите се романтични, великодушни и често екстравагантни. Остроумни се и имаат зацртано цел во животот, одлучни се и родени лидери. Во љубовта Лавот е романтичен, но и таинствен, а на партнерот ќе му одговараат сите тие мали изненадувања. Харизматични се.

Внимаваат на кого го отвораат срцето. Ако сакате да го освоите Лавот, дајте му комплимент за неговата интелигенција.

Идеални партнери:

Близнаци – Лавот ја цени остроумноста на Близнаците. Нивната врска е интересна за јавноста и во тоа и двајцата уживаат. Меѓутоа, нивната врска никогаш нема да успее ако не одвојат малку повеќе време за нив двајца, наместо да се трупаат со обврски.

Вага – По овој пар буквално секој ќе се врти, а тие се свесни и уживаат во популарноста. Сепак, тоа може да биде меч со две острици. Заради преголемото уживање во популарноста, интимноста може да западне во втор план. Неопходно е постојано запознавање и посветување еден на друг.

Девица

Девиците на прв поглед се студени, но се емотивни. Брзо го менуваат мислењето, избегнуваат расправии и кавги и секој разговор со нив е различно доживување. Како партнери се грижливи и тешко ја поднесуваат самотијата, па се сакаат да прават во пар.

Друштвени се и сакаат да ја искористат секоја прилика да се појават со полн сјај. После напорниот ден идеално опуштање им е нивниот дом.

Идеални партнери:

Рак – Девиците постојано го анализираат променливото расположение на Ракот и секогаш успеваат да откријат кога му треба нежен збор и рамо за плачење. Раковите не би требало да им замеруваат на Девиците за педантноста и долгиот список на обврски. Оваа комбинација ќе биде среќна само ако има повеќе поддршка за парнтерот.

Скорпија – Девиците и Скорпиите може да бидат добар пар само ако Скорпијата ја отвори својата романтична страна. Од друга страна Девицата и е интересна на Скорпијата затоа што не е лесна за освојување, а Скорпиите не сакаат лесен плен.

Вага

Вагите се вечни романтичари, идеалисти и полни со нежност. Партнерот на вагата мора да има разбирање за нивната постојана потреба за сигурност и хармонија. Да бидеш со Вага значи секогаш да бидеш заљубен.

Вагите целиот свој живот ги бараат принцовите и принцезите, па лесно може да се разочараат и при најситна грешка. Бараат перфекција, силен и стабилен партнер, но затоа за возврат се лојални до крај.

Идеални партнери:

Лав – Лавот и Вагата се вечни романтичари и подготвени за врски кои во 90% од случаите завршуваат со брак. Ако направат доволно добар баланс меѓу интимниот јавен живот, можат да бидат најсреќниот пар во Зодијакот.

Стрелец – Фантастично романтична комбинација во која може да имате апсолутно се – дискусии, патувања, авантури, луди доживувања. Затоа што Стрелецот и Вагата се со немирен дух, во оваа динамична врска ќе уживаат и двете страни. Единствен проблем може да биде желбата за доминација.

Скорпија

Скорпијата е сензуална, страствена и полна со духовитост. Фатално се привлечни и мистериозни. Скорпиите се емотивни и ранливи, но вешто се кријат. Си поставуваат високи цели и понекогаш знаат да делуваат дека се без емоции.

За Скорпиите довербата е основа на секоја врска. Ако ги сфаќате и прифатите онакви какви што се, ќе уживате секој ден.

Идеални партнери:

Девица – Девиците за Скорпиите се неодоливи затоа што не се лесен плен. И Скорпиите, без разлика на предрасудите можат да бидат емотивни и нежни. Сепак, Девиците би требало да останат по малку мистериозни за да не го загубат интересот на Скорпиите.

Јарец – Ова е врска на двете најамбициозни личности. Како моќни индивидуи, во врската постојано ќе ја мерат својата сила. Се додека се искрени еден кон друг, моќта на овие партнери ќе биде се посилна и посилна, исто како нивната љубов и почит.

Стрелец

Живото на Стрелците никогаш не е досаден. Во љубовта се независни и слободни, секогаш во друштво на пријатели. Им одговараат неформалните дружења. Долг е процесот додека го натерате Стрелецот да се заинтересира за некој, затоа што не донесува лесни одлуки кога се работи за љубов.

Ако сепак влезете во врска со Стрелец, љубовта и лојалноста се најубавите подароци кои можете да им ги дадете.

Идеални партнери:

Вага – Вагата сака брак и семеен живот, но воопшто не и е тешко да го увери неверниот Стрелец дека бракот не е робија, туку може да биде возбудлив. Во оваа врска никогаш не се знае кој е победник и доминантен, а тоа го прави односот позабавен.

Водолија – Ова е најкомпатибилниот пар во Зодијакот. Тие толку добро се разбираат, што уживаат кога молчат. Кога Стрелецот и Водолијата ќе се спојат настанува магија. Се поврзуваат на секое ниво.

Јарец

Јарците се полни со страст и се прават самоиницијативно. Нивното мото е „љубовта е се на овој свет“, а кога веруваат дека некоја врска е вистинската, се предаваат без двоумење. Практични се, а кога донесуваат љубовни одлуки, добро размислуваат затоа што не сакаат да се каат.

Јарците уживаат во убавината и префинетоста, а романтичари стануваат после неколку чаши вино. Нивната страст се музиката, уметноста и љубовта. Одлични се во организирање на времето, па со нив никогаш нема да го имате проблемот „немам време да се видиме“.

Идеални партнери:

Скорпија – Јарците секогаш сакаат да ги држат работите под контрола и добро ги контролираат емоциите. Слаби се на Скорпиите, на нивниот физички и ментален потенцијал. Тоа може да предизвика магнетска привлечност. И двата знаци се свесни колку вредат и сакаат максимално да го искористат потенцијалот на другиот без да се кријат.

Риби – Оваа романса може да трае долго, но со постојани успеси и падови. Јарците се чесни, сигурни, умерени и сериозни, се она што Рибите бараат. Не простуваат неверство колку и да ве сакаат.

Водолија

Ако сакате да бидете во врска со Водолија, ќе морате да ја делите нејзината желба за авантура затоа што не поднесува ограничувања. Ако Водолијата влезе во вашиот живот, очекувајте цел нов спектар на емоции.

Емотивни се и не ги разбираат луѓето кои бегаат од љубов. Своето срце го даваат лесно и искрено, па често се прелажуваат и влегуваат во непотребни ризици. Посветени се да ја достигнат љубовната совршеност која ја имаат зацртано во главата.

Идеални партнери:

Овен – Оваа врска може да успее единствено ако се темели на доверба, искреност и внимание. Препрека може да биде постојаната желба и на Овенот и на Водолијата постојано да бидат со нови, различни луѓе.

Стрелец – Еден од најдобрите парови. Стрелецот и Водолијата одлично се разбираат, се зближуваат од ден на ден, па им се смешка добра и стабилна иднина. И двајцата се слободоумни авантуристи кои сонуваат за бесконечна љубов.

Риби

Рибите во љубовта сакаат да се слободни, па не поднесуваат рестрикции. На почетокот може да ви делуваат далечни и студени, додека размислуваат дали им одговарате или не. Со Рибите треба само да сте итри и упорни. Среќни се кога ќе сфатат дека ви се вовлекле под кожа.

На нив мора да им се дадете без резерва, а ако имате желба врската да успее, мора да научите се да споделувате. Вашите интереси треба да станат заеднички ако сакате да останете едно.

Идеални партнери:

Јарец – Нежните Риби се одличен избор за Јарците кои преку нив може да ја ослободат својата личност, а истовремено да бидат и сакани и супериорни. Рибите се во потрага по нежност, а единствениот проблем може да настане кога Јарците нема да можат да им ја овозможат. Но, кога има љубов сите препреки се надминливи.

Бик – Два знаци кои точно знаат што им е потребно. Биковите сакаат мирен и тивок живот, додека на Рибите им е потребен силен и стабилен партнер кој може да им понуди емотивна и материјална стабилност. Заедно може да создадат хармоничен свет, сосема спротивен на хаотичното секојдневие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *