Како да ги изразите чувствата?

19 октомври, 20160
2

Секој од нас сака на различен начин и со самото тоа на различен начин ја изразува својата љубов. Токму поради тоа што често може да дојде до недоразбирање и може да помислиме дека нашиот партнер не не сака колку што го сакаме ние него. Затоа е потребно да ги изразиме нашите чувства на повеќе начини. Како со зборови, така и со дела и обратно.

Ако е љубовта искрена, ја покажуваме во секојдневните работи. На пример, кога во продавницата купуваме некои колачи затоа што знаеме дека партнерот ги сака. Таквите мали работи воглавно доаѓаат сами по себе, автоматски се и најдобро ја покажуваат онаа права љубов. Некои други изненадувања за кои е потребно малку организација, ја покажуваат нашата желба да му покажеме на нашиот партнер колку ни значи на нас.

Што се однесува до зборовите, толку зборови веќе излегле од сечија уста. И ништо не се чини доволно оригинално и доволно силно да ја пренесе силината на нашата љубов. Сепак, зборовите „те сакам“ кажани на било кој јазик, звучат совршено ако доаѓаат од правата личност и ако навистина стоите зад нивното значење.

И колку и да ни доаѓа да ги кажуваме по 500 пати на ден, тоа не е потребно. Искажаните зборови, но во правиот момент, ќе имаат поголемо значење за нас и за партнерот.

Избалансирани во правата мерка која ви одговара вам и на партнерот, и зборовите и делата се потребни за да ја почувствувате силината на вашата љубов и двајцата. Единствена мерка не постои, морате да ја најдете сами, но не се плашете да ги изразите своите чувства на сите можни начини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi