Омажи се од љубов, не од интерес, не поради стравот да не останеш сама…

26 јули, 20160
8

Омажи се за некој кој ќе те почитува, дури и кога не си во негова близина и не можеш да го слушнеш што зборува за тебе.

Омажи се за некој кој нема да те гледа како машина за раѓање деца, туку како нежна и посветена мајка.

Омажи се за некој кому ќе можеш да му ги довериш своите тајни, без потаен страв дека некој ден ќе ги искористи против тебе.

Омажи се за да бидеш еднаков дел од колачот наречен брак, не подредена, ниту доминантна страна.

Омажи се кога вистински ќе си подготвена, не кога тоа го налагаат твоите родители, осудата од роднините или гинекологот.

Омажи се затоа што сакаш, не затоа што правилата го налагаат тоа и дека „така треба да биде“.

Омажи се на 18, 28, 38 или кога ќе го пронајдеш вистинскиот.

Омажи се од љубов, не од интерес, не поради стравот да не останеш сама или затоа што сите твои другарки се веќе мажени.

Омажи се за карактер, не за убавина.

Омажи се, затоа што сметаш дека тоа ќе биде најубавата авантура во твојот живот, а не неминовна обврска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *