Решение за проблемот со помалку секс во врската?

6 декември, 20160
7

Обично од жените може да се слушне: „не вечерва, душо“, бидејќи е врежано мислењето дека мажите цело време сакаат секс, нели? А бидејќи го сакаат цело време, не е возможно вие да сакате секс повеќе од него? Но возможно е!

Сексологот Ники Голдстејн ве советува да направите нешто доколку посакувате повеќе секс во вашата врска, притоа, без да создавате притисок врз вашиот сакан.

Изберете го вистинското време

Ако вашиот партнер е изморен од работа или мора рано да стане, можеби нема да биде подготвен да се откаже од сонот заради оргазам. Научете како да го прочитате неговото расположение и да повлечете потег кога не е премален или под стрес. Не се фрлајте на него штом ќе влезе низ вратата, дајте му време малку да се одмори.

Опуштете го

Ако е уморен или мора да стане рано, викнете го заедно да се истуширате и измасирајте го под туш за да се опушти малку. Откако ќе се релаксира, сè ќе се одвива во насока во која сакате.

Ласкајте му

Никогаш не се сомневајте во моќта на ласкањето. Бидете сигурни дека тој знае колку го посакувате и направете сè да се чувствува како најсексапилниот маж на светот.

Со него однесувајте се со внимание

И мажите сакаат со нив да се однесуваме како да се посебни, па затоа пригответе му вкусна вечера, изненадете го со интересен подарок, облечете секси долна облека специјално за него… Преземете ја контроларата над ситуацијата и доведете го во вистинското расположение.

Започнете со предиграта надвор од домот

Предиграта може да почне уште пред да се соблечете. На пример, кога сте во поголемо друштво, наведнете се над него и шепнете му што ви е на ум. Или за време на работно време испратете му провокативна СМС. Можностите се бесконечни!

Дајте му малку чоколадо

Во попладневните часови каснете малку чоколадо и испијте чај од ѓумбир. Ова растение илјадници години се смета за афродизијак, а црното чоколадо стимулира создавање на хормонот на среќата во мозокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi