Седум начини на кои сексот влијае на вашиот мозок

18 ноември, 20160
7

Потребни се многу истражувања за да се открие на кој начин сексот влијае на нашиот мозок, но научниците  од Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси се решени да го дознаат тоа. Иако воопшто не е лесна тема за истражување, научниците почнуваат да ја разрешуваат мистеријата.

Еве што дознале досега:

1.Сексот е како дрога

Затоа го сакаме и затоа минуваме толку време во потрага по соодветен партнер. Задоволството од сексот е големо поради ослободувањето на допамин, невротрансмитер што го активира центарот за наградување во мозокот, пишува Health.

2. Сексот делува како антидепресив

Во студија од 2002 година спроведена на Универзитетот Албени, учествувале 300 жени при што било откриено дека тие што имале секс без кондом имале помалку симптоми за депресија од жените кои користеле кондом. Научниците поставиле хипотеза за различните состојки во спермата што имаат антидепресивно делување.

3. Сексот понекогаш може да ве депримира

Според некои истражувања постојат и такви фази на депримираност. Една третина од жените кои учествувале во една студија го имале ова чувство на тага по секс во одреден период во животот.

4. Сексот ослободува од болка

Не се лишувајте од секс кога имате главоболка. Истражувањата покажуваат дека сексот може да ви помогне. Ослободувањето од болка е поради испштање на окситоцин, хормон што помага при зближување на мајката и детето, па е познато дека делува како аналгетик.

5. Сексот може да ви ја „скрати“ меморијата

Секоја година се случува луѓето да изгубат дел од сеќавањата поради некоја невролошка состојба. Станува збор за краткотрајно губење на меморијата. Познато е дека до ова може да дојде и по жесток секс, но и поради емоционален стрес, болки, помали повреди на главата, скокови во топла или студена вода и слично. Заборавеноста може да трае од неколку минути до неколку часа, а додека трае се создаваат нови сеќавања. Нема трајни последици од ваквата состојба.

6. Сексот смирува

Едно истражување открило дека луѓето кои штотуку имале секс подобро реагираат на стресни ситуации, како што е говор пред публика и слично. Сексот исто така го намалува крвниот притисок.

7. Сексот ве прави поспани

Сексот ги успива мажите повеќе од жените, а научниците сметаат дека за тоа е заслужен дел од мозокот познат како фронтален кортекс кој се смирува по ејакулација. Тоа и ослободувањето на окситоцин и серотонин може да биде одговорно за заспивањето на мажите веднаш по сексуалниот чин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi