Секс и менструација: за или против?

30 ноември, 20160
5

Сексот за време на овие денови може да ви донесе многу уживање. Не само што ќе ги ублажите непријатните грчења, туку и сексот ќе ви биде поголемо задоволство, а оргазмот ќе биде посилен. Меѓутоа, без оглед на сите позитивни страни, расположението може да ви го расипе фактот што на вашиот партнер може да не му се допадне оваа идеја.  Ќе ви помогнеме како да подготвите сè и да започнете разговор со него за тоа. 

Дивото либидо е последната работа што би ја поврзале со првите денови од менструацијата. Меѓутоа, некои жени чувствуваат силен копнеж на почетокот од циклус. Тоа е последица од неколку фактори, а еден од нив е и зголемениот проток на крв низ гениталната област. Телото не ја препознава разликата меѓу менструалната крв и природната лубрикација, така што реагира на ист начин како кога сте возбудени. Освен тоа, матката се истегнува, лесно се отвора и е почувствителна, па чувството кога вашиот партнер ќе ве допре за време на пенетрацијата е одлично. Оваа комбинација кај некои жени доведува до посилни оргазми, а оргазмот во тоа време е природен лек против грчевите, бидејќи ги опушта карличните мускули.

Отворањето на оваа тема со вашиот партнер може да ве направи нервозни. Многу мажи тоа не ги одбива, бидејќи тие едноставно го сакаат сексот. Анкетата спроведена на еден портал покажа дека 22% од мажите немаат проблем со тоа, а 45% од нив признаваат дека не се воодушевени, но сепак ќе прифатат секс во тие денови. Секако, секогаш ги има оние што никогаш не би прифатиле таква идеја, но има начини како да откриете дали вашиот партнер е еден од нив. Кога температурата меѓу вас ќе порасне, речете му дека имате менструација и дека ќе треба да бидете имагинативни, а потоа обрнете внимание на неговата реакција.

Ако не се противи, вретете се на назад на работа. Ако ниеден од вас нема ништо против, прескокнете ја позата кога вие сте горе, бидејќи гравитацијата не ви оди во прилог. А и да направите малку неред, ве чека пријатно заедничко туширање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi