Според момците, овие осум работи го одделуваат просечниот секс од одличен секс

16 септември, 20160
5

Кој би рекол?

Луѓето велат „сексот е како пица, дури и да е лошо направен пак е добар.“ А потоа секој се смее/аплаудира/постира/или што и да е затоа што луѓето сакаат да ги потсетуваат оние околу себе колку тие ги сакаат сексот и пицата. И да сме имале лош секс, поентата останува иста: консензуалниот секс е скоро секогаш добар, само затоа што имате секс. Но, има некои работи кои го прават уште толку подобар. Еве кои се тие работи.

  1. Хемија. Секако, ова се подразбира. Но, ова е и најверојатно најважниот аспект за одличен секс. Мора да бидете внесени во него. Мора да го посакувате доволно. Сексот без хемија е како да јадете многу парчиња обичен бел леб за ручек – го правите само да задоволите физиолошка потреба, но чинот не ви причинува баш големо задоволство.

 

  1. Обидувајте се да не се чувствувате засрамени. Сексот ќе биде чуден само ако го дозволите тоа. И покрај тоа што во најинтимното искуство што можат да го имаат двајца луѓе потенцијално постојат многу работи што може да бидат чудни, секој што може да се справи и да ги преброди а) чудните телесни звуци и б) чудните телесни течности е човек со кој би сакале да имате секс.

 

  1. Чувство дека на партнерот му е навстина важно вашето задоволство. Можете лесно да приметите кога вашиот партнер е внесен во сексот. Доколку се однесуваат како да не добиваат ништо од него, тоа причинува моментално губење на возбудата. Но, ако и двајцата сте ентузијастични и вистински сакате да видите што го возбудува другиот тоа само по себе може да створи одличен секс, без оглед на техниката или искуството.

 

  1. Предигра. За некои луѓе сексот е повеќе патување отколку дестинација. Типично, тоа патување вклучува посета во сферата на оралниот секс. Плус, што подолго се љубите, толку повеќе ќе има исчекување, а бавното придвижување кон сексот е како ерупција на вулкан, со тоа што во овој случај лавата нема да ве убие. Се разбира, тука лавата е оргазмот.

 

  1. Откривање нешто ново. Ова нема да ви се случи секој пат кога ќе имате секс, но секогаш кога откривате нешто ново што ве возбудува тоа е одличен секс. Без разлика дали ќе го испробате заедно или партнерот ќе ви донесе марами и преврски за очи и откривате дека тоа ве возбудува е прекрасно чувство.

 

  1. Партнер кој ве возбудува. Ова не е исто со тоа да имате привлечен партнер. Ова би требало да се подразбира, но многу е важно да имате партнер кој ве привлекува физички, не само психички – потребни ви се и двете! Понекогаш е убаво само да грабнете некој што ве привлекува многу и да не се грижите за тоа дали ќе се согласувате околу родителски стратегии.

 

  1. Сирова животинска страст. Наместо да ја прифатите забавната, чудна и валкана страна на сексот, убаво е да се чувствувате како да ви се телата две машини створени само за секс. Тоа е секс како од филмовите, фотогеничен и прекрасен. Тоа е вид на секс кадешто ако некој би ве начекал на дело би предизвикал тој да се запраша за сé што знае околу сексот. Би се замислиле дали го правеле погрешно цело ова време до сега.

 

  1. Природна комуникација. Без оглед на тоа дали штотуку сте се запознале со партнерот или имате секс со години, многу е важно да имате интимно знаење за тоа што посакува другата личност. Тоа ве спречува од прекинување на сексот за да објасните, како на пример каде би требал партнерот да ја постави ногата. Секако, понекогаш овие објаснувања се неопходни и секогаш треба да бидете експлицитни за тоа што сакате, но најдобриот секс е спонтан и природен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi