Знаци дека сака само секс, а не врска!

28 мај, 20160
2

Сигурно сте искусиле на своја кожа или пак сте слушнале многу од вашите пријателки како зборуваат дека сретнале момче со кое одлично им оди во кревет и како тој се јавува или иницира средба само кога посакува секс. Тоа не значи дека тој е лошо момче, едноставно, чувствува само физичка привлечност кон вас, но не и нешто подлабоко. Еве неколку знаци како да забележите дали тоа што го имате со момчето е само секс или љубовна врска.

Секогаш кога ќе се видите имате само секс

Многу жени и мажи влегуваат во овој тип на врска мислејќи дека е многу повеќе од секс. Но, не е така!

Се гледате само навечер

Ви се јавува по 10 часот навечер и иницира средба. Многу девојки си велат „сигурно бил зафатен во текот на денот”. Не, тој само посакува секс!

Тој никогаш не зборува за неговото семејство и пријателите

Размислете, вие дури и не знаете дали неговите родители се живи, дали има брат или сестра. Ако не ги знаете овие информации за него, тогаш верувајте, тој е со вас само за секс!

Не сака да зборува со вас за вашето семејство и пријателите

Понекогаш сте нервозни поради семејните проблеми и сакате да зборувате со него за тоа, а тој не сака да чуе. Точно, тој сака само секс!

Телефонските разговори или пораките кои ви ги праќа се со сексуална содржина

Некои љубовни врски можат да бидат од овој тип, но повеќете се само за секс!

Не сака да излезе во јавност со вас

Секако, поминувањето време дома со вашето момче некогаш може да биде многу романтично, но, останатиот дел од светот е надвор од спалната соба. Овој знак докажува дека тој сака само секс!

Најчесто се среќавате на места каде што можете да имате секс

Обично тоа се вашата или неговата куќа/стан. Да, тоа е само секс, а не љубовна врска!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *