Зошто мажите се плашат од паметни жени?

23 јуни, 20160
22

За ова одамна се зборува и тоа гласно. Често се вели дека мажите се плашат од силни и паметни жени, затоа што се чувствуваат дека не можат да им парираат. Сега и едно ново истражување го потврдува ова. Истражувањето вклучувало 105 мажи и истражувачите откриле интересна динамика.

Кога на мажите им биле давани хипотетички сценарија, тие изразувале привлечност кон паметни жени. Но, кога им било кажано дека тие ќе треба да се сретнат со тие жени, одеднаш мажите ги променувале своите мислења, тврдејќи дека нивните партнерки не им се повеќе физички и емотивно привлечни. Истражувачите заклучиле дека мажите ги сметале паметните жени како закана за нивната машкост.

Психологот Елизабет Ломбардо дека има мажи кои наместо да се плашат, сфаќаат дека цврстината и паметот на жената се квалитети кои треба да се ценат и дека тие не треба да се споредуваат со таквите жени, туку да ги ценат и сакаат. Таа вели дека има мажи кои сфаќаат дека тој страв е нерационален и дека поттекнува од нивната сопствена несигурност, а не од фактот дека жената е паметна.

Ние не сме тука за да се поправиме едни со други. Ние треба да се предизвикуваме, да посакаме да бидеме подобра верзија од себеси, а не да се плашиме од паметот и квалитетите на нашите партнери, од кој и да се пол. Мажите и жените треба да се надополнуваат едни со други, а не да се тркаат во бескрајна борба за доминација.

Ние не можеме едни без други и затоа треба да си бидеме поддршка и стабилност, а не повод за страв и тага.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi