Еве зошто таа е кралица на модата: Најдобрите изданија и неколку совети нa Ана Винтур

25 април, 20160
19

Познатата уредничка на американскиот Вог, Ана Винтур, веќе со години ги советува жените ширум светот како да се облечат.

И тоа не само како уредничка на еден од најпрестижните магазини за мода на денешницата, туку и со нејзиниот пример и личен стил. А дека тоа е така доволно е само да ги погледнете нејзините комбинации кои што ги прошета неодамна за време на париската модна недела и веднаш ќе заклучите дека оваа дама има беспрекорен стил од кој можеме многу што да научиме.

Таа знае каков капут да избере и како да го стилизира на вистинскиот начин. Браво како за изборот на капутот, така и за целата комбинација! Инаку, што се однесува до очилата за сонце од кои таа едноставно не се одвојува како моден додаток, Ана во една прилика изјави: „Секоја жена која држи до својот стил мора во својата чанта да има некои очила за сонце кои и стојат убаво“ Според неа очилата се моден додаток кој во момент може да го промени вашиот комплетен изглед и потполно да ги сокрие трагите на замор.

Високи чизми со дезен на змиска кожа ? О, да, особено ако ги носите во една ваква раскошна комбинација. Ова не потсети на еден од нејзините познати модни совети во кој Ана вели дека не треба слепо да ги следиме трендовите, туку да ги прилагодиме на нашиот стил и на самите нас, а не себе на трендовите. „Не треба слепо да ги следите модните трендови! Не е се за вас и нема се да ви стои убаво. Морате трендот да го прилагодите на самите себе, а не вие да се прилагодувате на трендовите. “ изјави во една пригода познатата уредничка на Вог.

На ревијата на „Pako Raban“ пак, таа носеше сјаен комплет во кој повторно изгледаше фантастично, елегантно и во склад со нејзините години. „Личниот стил, за жал веќе одамна не е нешто важно, бидејќи повеќето жени ќе се угледаат една на друга, а модните правила ги следат доследно, како копирање, поради што доаѓа до катастрофални грешки во нивното облекување“ изјави во една пригода оваа прекрасна жена и додаде дека секој треба да има свои сопствени модни правила со кои ќе отстапува од униформираното облекување и со кои ќе го изгради својот сопствен и препознатлив моден печат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *