И Викторија Бекам го носи најпопуларниот тренд за оваа сезона

22 април, 20160
4

Викторија Бекам без високи потпетици …кои ги заменила со бели патики?!

Веќе со години името на Викторија Бекам се врзува со високите потпетици. Од комбинациите што ги носи кога патува, па се до црвениот килим, познатата британска дизајнерка, без разлика на временските услови, по дифолт се шеташе со екстремно тенки високи потпетици од десет, па и повеќе сантиметри.

Викторија порано …

Но, таа неодамна не изненади сите кога на крајот на нејзината ревија се појави во бели патики. Од тогаш се почесто ја гледаме во рамни обувки, патики или евентуално високи потпетици, но полни, квадратни, кои се стабилни и кои се многу полесни за носење од оние во кои најчесто бевме навикнати да ја гледаме.

„Повеќе не можам да носам високи потпетици. Барем не додека работам. Напорно ми е“, изјави Викторија за Телеграф во февруари оваа година, а како што можеме да забележиме и сега, таа се уште се придржува до ова нејзино правило.

Викторија сега!

Но, дали Викторија тоа го прави поради трендовите, бидејќи сепак, белите патики се хит и многу познати трендсетерки не можат да им одолеат, или пак, дизајнерката, навистина решила да го смени табиетот, ќе покаже времето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi