Како да изгледате модерно оваа есен

11 септември, 20160
21

Чипкани топови, фустани од антилоп, блузи кои ги откриваат рамената и сукњи со копчиња се само дел од парчињата кои сакате да ги носите преку летото, а кои многу лесно можеме да ги “префрлиме“ и во следната сезона.

Нема потреба да се откажуваме од омилените парчиња кога можеме да ги носиме и во текот на малку поладните денови.

Прочитајте ги следните идеи и инспирирајте се за наредната сезона…

1. Блејзер преку џемпер во комбинација со фармерки и полу длабоки чевли.

доекајте ја есента во модерно издание 01

2. Чипкана блуза под рамен фустан од антилоп, а од обувки облечете чизми и ќе постигнете шик и модерен изглед.

доекајте ја есента во модерно издание 02

3. Играјте си со пропорциите така што слоевито ќе облечете долг џемпер без ракави преку килоти панталони. Балетани се совршени за оваа комбинација.

доекајте ја есента во модерно издание 03

4. Крем капут врз маица на риги со антилоп сукња и папучи на штикла или платформа.

доекајте ја есента во модерно издание 04

5. Нежно розов џемпер врз класична бела кошула со фармерки и штикли во nude боја. Одлична деловна комбинација.

доекајте ја есента во модерно издание 05

6. Маица која се врзува околу струкот е сама по себе доволен детаљ, но ако на тоа додајте и кардиган, фармерки и впечатлива торба знајте дека нема да згрешите.

доекајте ја есента во модерно издание 06

7. Маичка која ги открива рамената со марама околу врат, тесни фармерки, сандали и тексас јакна се додатоци кои одговараат на секоја сериозна и модерна дама.

доекајте ја есента во модерно издание 07

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *