Ова е најскапата женска чанта во светот

28 април, 20160
10

На лицитација во Хонг Конг, розова рачна чанта од марка „Birkin“ од крокодилска кожа, украсена со 18-каратно злато и дијаманти, продадена е за 222.219 долари.

Екстра луксузниот примерок на рачната чанта „Birkin“, на француската модна куќа Ермес, го собори аукцискиот рекорд, достигнуајќи 222.219 долари, на лицитација одржана во Хонг Конг.

Организаторот на аукцијата, куќата Кристи, не го наведува идентитетот на купувачот на оваа розова чанта од крокодилска кожа.

Како што пренесува АР, претходниот рекорд го држела, исто така, чанта од Birkin, која во 2011 на аукција била продадена за цена од 203.150 долари.

Чантата Биркин го добила името по британската актерка и пејачка Џејн Биркин, која исто така помогнала во нејзиниот дизајн.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi