Во тренд се сукњи во сите должини

22 септември, 20170
6

Без оглед дали ќе одберете тесна, или ѕвонеста, на раскопчување, или рамна, мини или нешто подолга сукња, нема да погрешите, сите варијанти се “in”.

Деновите се сé постудени и пократки, но тоа не е причина да заборавиме на модата.

Доколку сакате да бидете во тренд оваа сезона, веднаш направете место за нова сукња во ормарот. Без оглед дали ќе одберете тесна, или ѕвонеста, на раскопчување, или рамна, мини или нешто подолга, нема да погрешите, сите варијанти се “in”.

Идеално за комбинирање со блузи, џемпери, кошули и туники, сукњите можете да ги носите скоро во сите прилики. Оваа есен доминираат црно-бели, пепито и карирани дезени што одлично се вклопуваат со еднобојни блузи, ролки и кошули. Во мода е и цветниот дезен, но на подлоги со потемни тонови, како црна и темно сина, кои подеднакво добро изгледаат со црна, кожна јакна, како и со елегантно сако или мантил.

Материјалите се лесни, но топли, како твид, превртена или вештачка кожа. Што се однесува до чевлите, со сукња, најдобро одговараат балетанки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi