Чувајте го лицето во вежбалната

20 октомври, 20160
4

Доколку тренирате интензивно, веројатно не сте ни свесни дека секогаш ја бришете потта од лицето со прстите , дури и несвесно. Кај помладите мажи, негативното влијание на оваа лоша навика најчесто резултира во вид на акни, а во тек на годините го забрзува стареењето на кожата и создавање на брчки. Проблемот е посебно изразен во вежбалницата каде има голема концентрација на бактерии на справите за вежбање, дури и кога сé делува чисто.

Лицето е многу чувствително, солта од потта го иритира посебно, а во комбинација со бактериите на рацете, може значајно да ја оштети кожата. Со време се појавува црвенило, поткожни и видливи акни и длабоки брчки.  Од друга страна не е добро ниту претерано бришење со марамче, или пешкир, бидејќи тоа го стимулира развојот на бактериите и го оштетува епидермот на кожата. На почеток се создаваат одвај видливи линии, но околу 30 години, брчките стануваат многу изразени.

Затоа на активните спортисти и рекреативци им се препорачува пред да тргнат на тренинг да стават студена вода во шишенце со распрскувач и на секои 10 минути да го испрскаат лицето. Капките на свежа вода не треба да се бришат, туку да се остават да се сливаат по лицето и на тој начин да ги бришат траговите од пот и сол, а кожата ќе се суши брзо бидејќи сте загреани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi