Девојка ослабе 45 килограми за конечно да го засака своето тело

24 август, 20160
13

Ребека Графтон целосно си го промени животот и си ја врати самодовербата откако успеа да стопи десетици килограми.

25-годишната девојка во еден момент тежела 111 килограми, но со помош на правилна исхрана и редовно вежбање, стигнала до здрава телесна тежина.

Ребека Графтон

„Ја достигнав бројката од 45 килограми изгубена тежина точно две години откако започнав со слабеењето“ – вели таа.

Во јануари 2013 година, Ребека си резервирала одмор на Јамајка. Во тој момент одлучила дека сака да направи голема промена во изгледот, за да не гледа со разочарување на фотографиите од патувањето. „Не сакав да се навраќам на фотографиите од тоа патување со мислата колку дебела изгледам“ – признала Ребека.

„Ми се смачи да се чувствувам непријатно во своето тело. Ми се смачи да потам постојано. Ми се смачи од прилагодувањето на костимите за капење за да го покриваат моето сало. Ослабев 45 килограми и не, не сум супермодел, но сум конечно супер горда на трудот што го вложив за да го променам моето тело и најпосле да се чувствувам супер пријатно во сопствената кожа“ – изјавила таа.

Ребека Графтон

Експериментирањето во кујната и готвењето на здрави оброци ѝ станало хоби на Ребека, а физичката активност станала задолжителна во нејзиното секојдневие.

Ребека Графтон Ребека Графтон Ребека Графтон Ребека Графтон Ребека Графтон

„Не ни можев да замислам колку слабеењето од 45 килограми ќе ми го промени животот и ќе отвори многу врати за мене“ – вели мотивираната девојка, која сега инспирира илјадници лица преку социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi