Како да ја спречите појавата на брчки?

18 јуни, 20160
7

Квалитетниот сон има голема улога во нашиот живот. Ако доволно се наспиете, освен што ќе имате енергија за целиот ден и ќе изгледате посвежи, ќе ја спречите и појавата на брчки. Исто така треба да имате и вечерна рутина пред да си легнете за да го зголемите ефектот на сонот. Следете ги овие совети и ќе имате помалку брчки во текот на животот.

Не си легнувајте без да го исчистите лицето

Кога ја вадите шминката, вие истовремено ја отстранувате нечистотијата од порите и лицето ви е помалку масно. На овој начин ги отстранувате мртвите клетки и создавате простор за нови и здрави клетки.

Ставајте продукти за обновување на кожата

Поради тоа што температурата на телото се зголемува навечер, најдобро е продуктите за обновување на кожата да ги ставате пред спиење, како би можеле да навлезат подлабоко во вашата кожа. Најдобри продукти се оние кои содржат серум збогатен со витамини А и Е, кој го зголемува создавањето на колагенот.

Не ги заборавајте останатите делови од телото

Откако ќе ставите крема против брчки на лицето, не заборавајте да ја нанесете и на вратот и деколтето. Кожата на овие делови од телото е многу чувствителна, па затоа е потребно да им обрнете особено внимание. Ако користите креми со СПФ фактор, користете ги во комбинација со креми за ноќна употреба.

Спијте најмалку 6 часа

Ако спиете помалку од 6 часа, се зголемува производството на стрес хормонот кортизол, кој го намалува производството на колаген што резултира со појава на брчки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *