Преубава плус-сајз манекенка ја нарекоа дебела – нејзиниот одговор ги воодушеви сите

13 јуни, 20160
11

Искра Лоренс е само уште еден позната плус-сајз модел која со гордост ги истакнува своите природни (и секси) облини.

Таа како и нејзината колешка Ешли Грејам со секоја нејзина фотографија на социјалните мрежи предизвикува расправа дали на пополните дами им е место во модната индустрија и дали вакво тело е посакувано и секси. И додека некои се категорични во своето мислење и сметаат дека плус-сајз манекенките се жени со очигледно нездрав вишок килограми, останатите не мислат баш така.

И откако доби бројни лоши критики на сметка на својот изглед, Искра на интересен начин им одговори на сите критичари.

„Ова е за сите оние на кои барем еднаш сте им кажале дека е дебел. Ви благодарам на инспиративните зборови кои ми ги кажа дека сум дебела крава “ напиша таа и го објави целиот коментар од личноста која што ја навредувал преку интернет. Покрај фотографијата на која таа е во долна облека и лежи меѓу кесички чипс таа објави и видео во кое со задоволство и сласт ги јаде своите омилени грисини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *