Совети за посјајна, поздрава и погуста коса

2 јули, 20160
12

Секоја девојка посакува коса која е здрава, сјајна и густа, но честопати се прават грешки за коишто не сме свесни, а ѝ наштетуваат на нашата коса. Некои од нив се работи кои ги правиме автоматски, без размислување, а влијаат лошо врз здравјето на нашата коса.

Битно е да се запомни дека косата е составена од мртви клетки, исто како ноктите. Ова значи дека таа не произведува витамини и хранливи материи, па затоа ѝ се потребни одредени состојки, како природните масла кои ги создава кожата на нашата глава или оние кои ги внесуваме преку храната или препаратите за коса. Но, покрај тоа што косата ги впива потребните состојки, таа исто така впива штетни хемикалии, УВ зраци, како и други штетни материи од воздухот. Еве неколку совети како да го подобрите изгледот и здравјето на вашата коса.

  • Откако ќе ја измиете косата, натопете ја со бел оцет, оставете да отстои неколку минути, а потоа исплакнете. На овој начин вашата коса ќе биде посјајна.
  • Еднаш месечно ставајте природна маска за коса од авокадо.
  • Измијте ја косата со белка од јајце наместо со шампон. Можеби звучи чудно, но на овој начин природно се враќа влажноста на косата и се зајакнува влакното.
  • Не ја мијте косата многу често, бидејќи на тој начин се намалува природното масло од кожата на главата кое ја храни косата и ѝ помага да расте.
  • Заштитете ја косата од сонце.
  • Направете плетенка пред спиење, на овој начин при движењето додека спиете вашата коса нема да се крши, а кога ќе станете од спиење ќе имате убава виткана коса.
  • Масирајте ја кожата на главата со дрвена четка, бидејќи на тој начин ја подобрувате циркулацијата на крвта и косата побрзо расте.
  • Не ја сушете често со фен, некогаш оставете ја мократа коса да се исуши на природен начин или пак користете спреј за заштита од топлина.
  • Легнувајте си со сува коса, бидејќи мократа коса е многу осетлива и полесна за кршење.
  • Избегнувајте пегла и фигаро за коса, а доколку често ги користите ставајте спреј за заштита од топлина. Високата температура го ослабнува влакното на косата.

     

  • Користете арганово масло, бидејќи е многу корисно за вашата коса и сувата кожа на главата.

     

  • Не ја чешлајте косата додека е мокра.

     

  • Избегнувајте бојадисување на косата, бидејќи боите содржат многу хемикалии кои ја оштетуваат косата и кожата на главата.

     

  • Користете навлаки за перница од свила или сатен, бидејќи овие материјали не ја уништуваат и кршат косата во текот на спиењето.

     

  • Конзумирајте биотин или витамин Б7. Овој витамин го подобрува растењето на косата и ноктите и ја обновува кожата.

     

  • Одморете! Стресот ја оштетува косата и без разлика колку време и грижа ѝ посветувате на вашата коса, доколку сте под стрес вашата коса нема да се покаже во вистинско светло.

     

  • Хранете се здраво, внесувајте протеини, витамини и природни масти за подобро здравје на косата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi