Спречете ја појавата на брчките со масажа на лицето

7 декември, 20160
8-copy

Кој е најдобриот начин за да се спречи појавата на брчките? Постојат навистина многу методи, но секако, една од најдобрите е масажата. Масажата која ние ви ја предлагаме, освен што ќе ве релаксира, ќе ја намали видливоста на брчките кои не ги сакате. Еве како:

  • Започнете така што ќе го измиете лицето употребувајќи нежен гел со кој ќе го отстраните мртвиот слој клетки од кожата.
  • Веднаш после тоа, исплакнете го лицето со студена вода.
  • Започнете со масажа почнувајќи од вашиот врат.
  • Продолжете нагоре и нежно масирајте со кружни движења сè до образите.
  • Применувајте благ притисок врз слепоочниците.

post cover photo

  • Користете ја задната страна од дланките правејќи кружни движења по образите.
  • Со истите движења, масирајте се и под брадата за да ја спречите појавата на подбрадок.
  • За да се ослободите од притисокот во пределот кај синусите, употребете ги средните прсти со кои нежно ќе притискате синусите, во траење од неколку секунди.
  • Повторувајте ги движењата во пределот околу очите, устата и под носот.
  • За да постигнете најдобри резултати, масирајте се двапати неделно во траење од 10-15 минути.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *