Трикови со чија помош ќе изгледате свежо и одморено во претпразничниот хаос

26 декември, 20160
5

Во сиот хаос кој ве чека за време на празниците, од средување дома до купување на поклони, а тука се и работните обврски кои ве очекуваат. Во тоа време жените изгледаат исцрпено и уморно.
Споделуваме со вас неколку совети како да изгледате свежо во најголемата гужва пред празниците:
– Ублажете ја шминката со топли нијанси на вашите омилени бои. Ако користите руменило со боја на црвено вино заменете го со поблага црвена нијанса. Доколку користите црна сенка за очи, заменета ја со некоја сива сенка.

– Одете на спиење еден час порано, така подочниците ќе ви бидат помалку воочливи и кожата ќе ви делува посвежо. Покрај тоа, ќе бидете и подобро расположени. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои спијат само пет часа дневно стареат побрзо од оние кои спијат осум часа.

– Доколку косата почнала да ви станува седа, офарбајте ја, и ако не сте, освежете ја бојата. Така ќе го промените изгледот малку. А доколку имате некои други недостатоци кои другите ви ги приметувале, не се грижите затоа што веќе нема да ги приметуваат, нивното внимание сега ќе се премести на вашата нова фризура.

– Заменете го темниот кармин со посветол сјај или лабело. Светлите бои со сјај прават вашите усни да изгледаат пополни.

– Наместо моливче за образи, користете светкава сенка во бојата на вашите образи. Светски познатите шминкери тврдат дека таквите сенки ствараат поприроден изглед отколку моливчињата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *