15 месеци потоа, докторот се шокирал кога мајката му го пратила ова на Фејсбук

23 јуни, 20160
9

Кортни Бекер од Флорида, била бремена со третата ќерка кога и било откриено дека бебето има Даунов синдром. Ја шокирало тоа што докторот ја убедувал да абортира.

И покрај неговите убедувања дека цело семејство ќе пати поради болеста на детето, мајката одлучила да го роди бебето.

Еми сега има 15 месеци, а нејзината мајка одлучила да му напише писмо на докторот кое стана хит на интернет.

„Почитуван докторе,

Пријателка неодамна ми кажа дека докторот кој во бременоста утврдил дека нејзиното дете ќе има Даунов синдром, коментирал: „Тој е совршен.“ Откако се родило детето тој ист доктор го погледнал и заклучил „Ви кажав. Тој е совршен.“

Нејзината приказна ме скрши. Среќна сум поради нејзиното искуство, но тажна сум поради своето. Би сакала тој да беше и мој доктор.

Дојдов кај вас во најтешките моменти од мојот живот. Бев преплашена, во страв и целосен очај. Не ја знаев вистината за моето дете, а тоа е она што очајно ми требаше од вас. Но, наместо поддршка и охрабрување, ми предложивте да абортирам. Со име ја нарекував, а вие упорно ме прашувавте дали сме свесни колку ќе ни биде лош животот со дете со Даунов синдром.

Ми предложивте добро да размислам и уште еднаш да ја преиспитам својата одлука за продолжување на бременоста.

Од таа прва посета, се ужаснував со секоја следна посета кај вас, Најтешката работа во мојот живот ја направите целосно неподнослива, зашто никогаш не ми ја кажавте вистината. Моето дете е совршено.

Не сум лута. Не сум огорчена. Јас сум всушност тажна. Тажна сум што толку многу погрешивте и тврдевте дека бебето со Даунов синдром ќе ги расипе нашите животи. Срцето ми е слама кога ќе помислам дека тоа уште го кажувате на некои други мајки. Но најмногу сум тажна што никогаш нема да имате привилегија да ја запознете мојата ќерка, Емерсон.

Зашто Емерсон не само што ни ги направи животите поубави и поквалитетни, таа влезе во срцата на голем број луѓе. Таа ни даде смисла и радост која не може со зборови да се опише. Таа од нас измамува најголеми насмевки и ни дава најслатки бакнежи. Таа нас ни ги отвори очите за вистинска убавина и чиста љубов.

Се надевам дека ниту една мајка нема да мора да пројде низ тоа што јас поминував. Се надевам кога следниот пат во мајчиниот стомак ќе откиете дека бебето има Даунов синдром, таа мајка нема да ја лажете туку ќе и ја кажете вистината: „Вашето дете е апсолутно совршено“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi