Дали правилно ја одржувате вагината?

27 декември, 20160
15

Дали некогаш сте се запрашале колку правилно ги одржувате интимните делови? Постојат одредени правила кои никој јасно не ви ги кажал, па веројатно и секојдневно ги прекршувате.

1. Оставете ја внатрешноста на вагината на мира

Внатрешноста на женскиот полов орган се чисти сама, колку чудно и да ви звучи. Во тоа и помагаат добрите бактерии познати како лактобацили. Токму тие лактобацили ја чуваат киселоста на вагината и се борат против вирусите.


2. Измивајте се само со топла вода

Секојдневно ви се нудат огромен број на препарати за бањање и интимни гелови за хигиена, но многу гинеколози советуваат надворешноста на вагината да ја миете исклучиво со топла вода.


3. Внимателно со сапунот

Ако користите сапуни за чистење на интимните делови, бирајте состојки кои нема да ја нарушат pH вредноста и нема да ја исушат кожата. Секогаш добар избор се сапуните со маслиново масло, советуваат многу доктори.


4. Измивајте се еднаш дневно

Вашата кожа „таму долу“ е подеднакво чувствителна како секој друг дел од телото, па колку почесто ја измивате, толку почесто е склона кон иритации. Сосема доволно е вагината да ја измивате еднаш дневно.


5. Не ја чистете со пареа

Чистењето со пареа стана посебно популарен метод за одржување на интимниот дел во последно време, а оние кои го применуваат тврдат дека е добар за матката и хормоните. Но, докторите го имаат спротивното мислење. Тие ги уверуваат сите жени дека пареата може само да и штети на вагината, затоа подобро е да не експериментирате.


6. Не користете ракавици или сунѓер

Никогаш не користете ракавици или сунѓер за миење на интимните делови, затоа што многу лесно може да ја повредите слузокожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi