23 јануари, 2017

Радио

Дали некогаш ви паднало на памет дека цигарите се добри за здравјето? На еден британски научник, да! И тоа ни повеќе ни помалку, туку на директорот на научниот сектор на една од најголемите светски компании за производство и дистрибуција на цигари, Дејвид О Рил.

Пушењето им помага на луѓето мозокот да им работи побрзо и поефикасно. Со цигара во уста мозокот побрзо ги обработува информациите, пронаоѓа нови идеи и се опушта – раскажува Рил за позитивниот ефект на цигарите, после што бил бомбардиран со критики од сите страни.

За жал, сите останати научници кои се занимаваат со влијанието на цигарите на човечкото здравје не можат да се согласат со оваа контроверзна теорија, пред се бидејќи нивната цел не е да продаваат што повеќе цигари, туку да излечат што повеќе луѓе чиј живот сериозно е загрозен од пушењето.

Да, донекаде е точно дека кај непушачите еден дим од цигара може моментално да им ја зголеми концентрацијата и кординацијата. Меѓутоа во прашање е опасен наркотик, од кој човек набрзо станува зависен, а при тоа е многу штетен за респираторниот систем и целокупното здравје.

Остави коментар

Почетна // живот // здравје // И отровот е лек: Никотинот бил добар за мозокот!
Горе