Никогаш не ја игнорирајте болката: Овие сигнали предупредуваат за сериозна болест

22 август, 20160
7
Заради напорното секојдневие често пати ги игнорираме болките во телото кои навистина се значајно предупредување за целосното здравје.
Ова се најјасните и најзначајни знаци дека со вашето тело се случува нешто на што треба да обрнете внимание:
1. Интензивната главоболка не е безопасна
Острата болка во главата, особено ако е една од посилните кои сте ги осетиле, може да биде знак за внатрешно крварење што не смее да го игнорирате. Затоа посетата на лекар во овој случај е неопходна, покрај апчињата кои сте ги испиле.
2. Непријатна болка во градите, вилиците, рамената и рацете
Непријатната болка во било кој од овие делови од телото најчесто е симптом на сериозни здравствени состојби, како на пример воспаление на белите дробови или пак срцев удар.
3. Болки во долниот дел на грбот и измеѓу плешките
Причинителот на овие болки најчесто е артритисот, па затоа обрнете големо внимание на пределот на грбот. Ако болките не поминуваат или се зголемуваат задолжително посетете лекар.
4. Јака болка во долниот дел од стомакот
Најчестиот знак за воспаление на слепото црево често пати е игнориран бидејќи се смета за минлива болка. Но, ако местото станува осетливо на допир време е да преземете некакви мерки.
5. Болка во потколениците и листовите
Една од помалку познатите опасности од ваквиот тип на болка се венската тромбоза, згрутчување на крвта кое најчесто се појавува во вените на нозете. Затоа, болките и отокот во долниот дел на нозете никогаш не го игнорирајте.
6. Вкочанетост на нозете
Хроничното пецкање на стапалата е честа појава кај дијабетичарите, а може и да биде предизвикано од недостаток на витамин Б или болести на бубрезите. Ако ја почувствувате оваа болка и трнење на нозете, најпрво направете целосна крвна слика со која ќе се упатите кон вашиот лекар.
7. Болка во стомакот и отежнато варење на храната
Ако забележувате промена во апетитот како и ако имате отежнато варење на храната подолго од две недели, задолжително посетете лекар. Токму ова е најчестиот симптом кој се јавува како последица на различни видови карциноми, па затоа не ризикувајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi