Очилата за сонце можат да го оштетат вашиот вид: Како да ги препознаеме “правите” од лошите наочари?

3 мај, 20160
10

Иако добро знаеме дека очите треба да се заштитат од сонцето, спак, многумина од нас, очилата за сонце ги сфаќаат само како моден детал. Знаете ли како да одберете квалитетни стакла?

Очилата кои чинат околу 1000 денари, можеби ќе ги задоволат вашите модни апетите и ќе ви заштедат пари, но можат ли да ви го оштетат видот? Открива Д-р Јасенка Пичман, специјалист од поликлиниката Bilic Vision.

На која начин очилата ги штитат очите?

Очилата за сонце, освен тоа што служат за заштита од сончевите зраци, исто така служат и како заштита од какво било надворешни влијанија, како ветер, прашина, смог, одблесоци и.т.н.

Со оглед на тоа што денес, озонската обвивка е во голема мера намалена, сончевите зраци полесно продираат до површината на земјата, очилата за сонце би требало да се носат во текот на целата година.

Со носење на очила за сонце од најрана возраст, можеме да се заштитиме од дегенеративните промени на мрежницата од окото.

Како да ги препознаеме “правите” од лошите наочари?

Неодамнешно истражување во Велика Британија покажаа дека три четвртини од ефтините очила за сонце не пружаат доволна заштите од сончевите зраци, иако ги имаат поминато УВ тестовите и имаат маркица со која ви велат дека ќе ги штитат вашите очи.

Долготрајно носење на такви очила можат да му наштетат на вашиот вид и да ви предизвикаат главоболки!

Резултатите од овие истражувања се поклопуваат со оние кои се спроведени во Германија минатата година кои велат дека поголемиот број од очилата за сонце нудат никаква или само минимална УВ заштита, што е уште полошо за очите, отколку да не носите никакви наочари. Зошто?

Затоа што затемнетите стакла на очилата придонесуваат за ширење на зеницата, со што ги прават очите да бидат уште по осетливи на сончевите зраци. Вистонските очила за сонце, се изработени од квалитетни материјали и  нудат стопроцентна УВА и УВБ  заштита.

Таквите очила носат ознака CE, што значи дека се во склад со европските стандарди.

Што се подразбира под поимот поларизирани очила?

 Поларизираните очила се очила кои имаат посебен филтер кој ги блокира штетните ултравиолетови зраци. Таквите стакла придонесуваат за сигурно и квалитетно гледање.

Поларизираните очила даваат подобар контраст и перцепција на деталите, супериорна удобност при гледањето во однос на обичните очила за сонце и поради тоа се особено препорачливи за учесниците во сообраќајот.

На кој начин лошите очила можат да го оштетат видот?

Исто како што сонцето штетно влијае врз кожата, УВ зраците имаат штетно влијание врз видот.

Доколку очилата за сонце не поседуваат УВА и УВБ заштита, очите стануваат осетливи, а како резултат на тоа можат да бидат предизвикани здравствени проблеми како катаракта, израстоци на површината од окото, па дури и канцер на кожата во полето на веѓите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi