Позитивен проект на мајка додека се борела со рак на дојка

19 јули, 20160
4

Кога Маркина Илиев-Пизели започнала да се бори против ракот на дојка со хемотерапија, се обидувала да остане максимално позитивна.

36-годишната мајка на првиот третман сфатила дека ѝ е потребен проект за да заборави на милионите мисли поврзани со лекувањето и болеста. Така се родил забавниот фото-проект „Glam Chemo“.

„Знаев дека моето тело ќе претрпи многу промени и бев преплашена. Постојано си мислев дека не можам едноставно да седам, зашто ќе полудев. Ми требаше проект. Ми требаше начин за да го трансформирам овој процес и да го направам подобар за себе“ – изјавила таа во интервју за „People“.

Откако добила одобрение од докторите, со помош на свои пријатели Маркина започнала да снима фотосесии за време на лекувањето.

Маркина Илиев-Пизели

„Нејзиниот позитивен став беше заразен“ – вели онкологот на Маркина.

„Беше прекрасно да гледаш како нејзините мисли се оттргнуваат од ракот и лекувањето и се фокусира на тоа да се забавува и да изгледа одлично. Некои пациенти обожаваа да седат до неа и да ја гледаат, зашто им ги одвлекуваше мислите од она низ кое поминуваа“ – рекла една од медицинските сестри.

Маркина Илиев-Пизели Маркина Илиев-Пизели Маркина Илиев-Пизели

На некои од фотографиите Маркина позира со 3-годишниот син.

Маркина Илиев-Пизели Маркина Илиев-Пизели

Позитивната Американка поминала низ операција, реконструкција и радијација пред да може да каже дека извојувала победа над ракот. Сега таа ги споделува фотографиите од хемотерапијата, бидејќи многумина ги сметаат за инспиративни.

Маркина Илиев-Пизели Маркина Илиев-Пизели Маркина Илиев-Пизели Маркина Илиев-Пизели Маркина Илиев-Пизели Маркина Илиев-Пизели

Маркина пред лекувањето

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi