Првите експерименти ќе го стопираат стареењето за десет години

22 декември, 20160
1

Научникот од Калифорнија Алехандро Окампо смета дека процесот на стареење може да се стопира и дека експериментите со хемикалии против стареењето, ќе можат, по фази, да се применуваат на луѓето во наредните 10 години.
Окампо кој е еден од авторите на студиите на научниците од Институтот Салк за биолошки студии во Калифорнија, изјави дека целта на истражувањата е на луѓето да им се помогне да го „одбегнат страдањето” кога ќе сватат дека стануваат постари.
Со истражувањето заклучија дека постојат „ембрионски гени”, клетки со ембрионски одлики создадени од репрограмирани зрели клетки кои можат да ги елиминираат знаците на старост.
Во лабораториски услови, новиот вид на генетска терапија е тестиран до сега на клетки на глувците, како и на клетки од човечката кожа, при што и едни и други покажаа знаци на подмладување.
После шестонеделен третман, животните изгледаа помлади, грбот им беше поисправен, кардиоваскуларниот систем им работеше подобро и побрзо се опоравуваа од повреди, а живееа и 30 проценти подолго, исто така.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *