Психолошки аикидо – Руски психолог открива како да ги решите сите ваши животни проблеми

2 септември, 20160
3

Михаил Литвал е еден од најпризнатите светски психолози на денешницата. Овие 20 совети, иако се кратки, ако навистина ги разберете и примените во животот, за вас нема да има никакви препреки.

Доктор Литвак разви систем кој го нарече „психолошки аикидо“ и прв самиот го употреби. Овие 20 работи, ако ги проучите и примените во својот живот, ќе стане моќно психолошко оружје во вашите раце.

1. Ако човек нема што добро да каже за себе, а сака нешто да каже, тој ќе почне да зборува лошо за другите луѓе.

2. Загризите во науката (знаење) кое е од гранит, а не вратот на својот ближен, ако веќе сакате да гризете.

3. Депресијата му е дадена на човекот да се замисли за себе.

4. Никој никого не отфрла, само некои луѓе одат напред, а други заостануваат. Оние кои заостануваат мислат дека се отфрлени.

5. Ако мислите добро за себе, зошто е потребно да и другите мислат добро за вас?

6. Ако сакате нешто, не барајте дозвола. Нема да ја добиете!

7. Способноста да сакате и добро ја поднесувате самотијата е показател на духовна зрелост. Всушност најдобро функционираме кога сме сами.
8. Незрела личност често има знаење, но не умее да го примени, додека зрела личност има знаење и умее да го примени. Затоа незрелите луѓе ги критикуваат другите, додека зрелите делуваат.
9. Не знам кој е патот до успехот, но знам кој е патот до неуспехот – тоа е желба да се допаѓаме на сите.
10. Не постои машка или женска логика, само способност, или неспособност да мудро размислуваме.
11. Ако сакате да го запознаете својот најголем непријател – погледнете во огледало. Кога ќе се соочите со него, сите останати лесно ќе ги победите.
12. Постигни успех и сите навреди ќе поминат.
13. Пријатно е да се разговара со пријателите, но корисно е да се разговара и со непријателите.
14. Постои само една добра причина да ја прекинете врската со некои или да го прекинете работниот однос – неможноста на личниот раст во тие услови

15. Својата радост треба да ја делите и со пријателите и со непријателите. Пријателите ќе се израдуваат, а непријателите ќе се вознемират.

16. Не трчај по среќата, и ќе ја најдеш на местото каде таа престојува. Среќата ќе те најде тебе. Можам да ви кажам едно место каде таа се наоѓа – во вас. Патот до тоа место е развој на вашите способности до максимум.

17. Среќата е нуспроизвод на добро организирано делување.

18. Ако сакате да докажете нешто на некого, тоа значи дека живеете за тоа лице. Но, ако живеете за себе, тогаш не морате никому ништо да докажувате.

19. Фантазијата е глас на нашата способност. На пример, јас фантазирам да пејам во опера, а немам ни глас ни слух, тешко ќе доспеам до операта. Но, ако фантазирам за нешто што е повеќе од склоп со мојата способност, ќе ги остварам своите сништа прилично брзо. Добро е кога човек може себе си да си каже – се занимавам само со обидите да ги остварам своите сништа.

20. Подобро е да комуницирам со добрата книга, отколку со празниот човек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *