Се шири нова сексуална болест со тешки последици!

7 февруари, 20160
3

Лекарите предупредуваат дека се поголем е бројот на заболени од опасната полово пренослива инфекција, за која ретко кој знае дека ја има, а може да остави големи последици не само на гениталиите, туку и да ја загрози плодноста.

Сте слушнале ли за микоплазма? Ако не, знајте дека не сте единствени. Дури и докторите не се премногу запознаени со овие микроби. За жал, се пренесува преку секс, а кај многумина кои имаат микоплазма, симптомите се притаени и не можете да ги препознаете додека нема да биде доцна.

А тогаш обично се јавува крвавење од вагината, болка во тестисите, исцедок од пенисот и болка во целиот генитален регион, особено во текот на сексуалниот чин. Последиците на нелечената инфекција се многу полоши.

Се претпоставува дека околу еден посто од луѓето во развиените земји се заразени со оваа бактерија. Кај жените најчесто се манифестира со болен секс, нерегуларно крвавење од вагината, неплодност и вонматерична бременост, а кај мажите последиците на инфекцијата се поблаги, но не и безопасни.

Микоплазмата е многу честа, но недоволно истражена полово пренослива болест, предизвикана од микроорганизми кои имаат особини на бактерија, а настануваат во уретрата или во репродуктивниот систем.

Терминот микоплазма всушност се однесува на група бактерии, која вклучува повеќе од 70 различни видови, а само за некои од присутните во организмот на човекот е со сигурност утврдено дека предизвикуваат болести и инфекции кај човекот.

Студија објавена во 2007 година покажува дека инфекцијата која ја предизвикува бактеријата mycoplasma genitalium изгледа дека ја надминала гонорејата по бројот на заболени, така што сега стана третата најзастапена полова болест меѓу младите.

Меѓу адолесцентите кои учествувале во студија за здравјето ширум Америка, 4,2 посто биле инфицирани со кламидија, 2,3 посто со трихомонас, 1 посто со микоплазма и 0,4 посто со гонореја. Слични резултати се објавени и во најнов извештај од Велика Британија, со тоа што не се веќе загрозени само младите, туку и луѓето во средни години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *