Сите благодети на оцетот

1 декември, 20160
8

Освен што го подобрува вкусот на храната, оцетот е важен и за здравјето, а помага и при чистењето на домот.

Јаболковиот оцет за актерката Скарлет Јохансон е природно средство со кое ја одржува својата убавина. Испробувајќи ја природната козметика, открила дека најдобро средство за чистење на кожата на лицето е јаболковата киселина. „Совршено помага во борбата против акните“, изјавила убавата актерка.

Твојата храна нека биде твојот лек

Оцетот е природен производ кој се создава при кое било алкохолно вриење кога доаѓа во допир со кислород. Под влијание на определени бактерии кои се наоѓаат во воздухот, по природен пат настанува оцетната киселина, односно оцетот. Првиот запис за оцетот потекнува од Вавилонското царство 5000 год пр. н.е. Вавилонците го користеле оцетот за јадење и конзервирање на храната. Остатоци од оцет се пронајдени и во египетските урни а се спомнуваат и во некои кинески записи. Хипократ го користел оцетот во терапевтски цели при лечење на воспаленија, улкус и отоци. Правел смеса од оцет и мед и го давал како лек против кашлица. Овој лек и денес често се користи во народната медицина.

Благодетите на оцетот

Оцетот има важна улога во разградувањето на јаглехидратите, мастите и другите хранливи состојки. Оцетната киселина позитивно делува на целиот систем за варење и излачување, како и врз крвотокот, со тоа што ја намалува густината на крвта и го зголемува нејзиниот проток низ крвотокот. Помага и кај артритисот, остеопорозата, холестеролот, нискиот притисок а ја регулира и телесната тежина. Оцетот се користи како зачин во храната но и како природно средство за чистење во домот а одличен е и за одржување на убавината и здравјето.

Видови оцет

Освен најчесто користените алкохолен, јаболков и вински оцет, на нашите трпези сѐ почесто го наоѓаме и ацето балзамико, кој традиционално се користи во Италија, како и сѐ поголем број ароматизирани киселини со различни билки и додатоци како: мед, лимон, лук, босилек, рузмарин и др.

Ацето балзамико

Овој ароматизиран оцет потекнува од Италија, од регионите на Модена и се прави од концентриран или варен сок од бело грозје од сортата Требијано. При купувањето на ацето балзамико предност дајте му на оној кој е направен од варен сок, наместо од концентриран. Во едно просечно шише од него има мешавина од вински оцет, карамел, глицерин, ароми и конзерванси. Но, секој добар ацето балзамико мора да има 67% киселост и 15% алкохол. Исто така треба да го знаете и следново: ацето балзамико трае вечно. За него не постои краен рок на употреба иако тоа ќе го сретнете на етикетите. Освен во салати, овој оцет можете да го користите и за засилување на вкусот на пармезанот, пршутата, паштетите. Попрскајте од него и врз јагоди, цреши, сладоледи и ќе добиете чудесна храна. Ацето балзамико е и одличен аперитив и дигестив.

Јаболкова киселина

Ова е природен производ е добиен од ферментација на непрскани јаболка без додаток  на вештачки состојки. Денес најчесто се употребува како помош при редукциски диети, но најценет е поради неговите лековите својства. Јаболковиот оцет поволно делува на циркулацијата, го штити срцето и крвните садови, го чисти организмот од отровни материи, го нормализира крвниот притисок и холестеролот, мастите и шеќерот во крвта. Помага и при запек и бактериски инфекции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi