Сите лица на стравот

21 октомври, 20160
3

Ако приоѓаме на стравот од феноменолошка страна, стравот би можеле да го вклопиме во дефиницијата: стравот е биолошки даден механизам кој има заштитна улога во однос на поединецот кој го доживува. Што тоа значи за особата која има невролошки тип на анксиозност, паника, или социјална фобија, на пример?

Во овој свет во кој ние зборуваме за стравот- овој механизам ја заштитува личноста од одредени опасности. Во паника, ние ирационално го проценуваме нештото за опасно и се однесуваме во склад со неточната проценка. Затоа на паниката гледаме како на ирационален страв, нема вистински извор на стравот, ништо тука не е опасно. Но, кога ќе започне паниката, механизмот на страв е апсолутно предвидлив, нормален и биолошки детерминиран.

Велиме предвидливо, бидејќи знаеме дека стравот, без оглед дали е паничен, или е реално предизвикан, се зголемува некое време, потоа достигнува максимум и започнува да се намалува. Тоа се случува со секој страв, без оглед дали е паничен, или реален. Затоа се вели дека е биолошки условен, предвидлив, и детерминиран. Да споменеме дека паничниот страв може да трае од неколку минути, па се до 45 минути, по кои мора да започне да се намалува. Причината е тоа што по одредено време доаѓа до замор на сите системи што ги одржуваат возбудата и паниката. Ниту спринт, не може да се трча 10 километри.

Кога зборуваме за заштитната улога на стравот во смисла на заштита на самите нас од нешто, не се подразбира дека стравот има намера. Стравот е механизам што се јавува кога ние ќе процениме дека сме во опасност, а не дека стравот има намера да не штити. Треба да се разликуваат овие две работи. Стравот е страв, стравот е емоција што нема никакви намери спрема носителот на емоцијата.

 Кој тогаш има намера?

 Изгледа дека “виновникот” се провлече низ овој текст, а можеби не го ни приметивме, па тоа што предизвикува емоција, тоа има намера, а тоа би била мислата. Мислата има вредносен карактер и таа ги проценува работите. Па затоа, ние – когнитивно бихејвиоралните психотерапевти и психолози – сакаме да кажеме: не е важно што ни се случува, туку како тоа го проценуваме и колку веруваме во тоа. Значи дека мислата е таа што проценува дале е нешто опасно, или не.

Да резимираме. Стравот е емоција што не се занимава со проценка. Мислата предизвикува страв. Стравот ни е даден биолошки и мора да го имаме. Неговата улога е заштитничка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi