Вака ќе го исчистите душекот од флеки и непријатна миризба – Ќе изгледа како нов!

19 август, 20160
5

Доколку на душекот имате флеки, ова е вистинското решение за вас.

И најважно од се` ова средство можете да го направите од состојки кои сигурно ги имате дома.

– 250 мл 3% хидроген (се продава во аптеките)
– 3 супени лажици сода бикарбона
– капка течен сапун или средство за миење садови

Смесата потребно е да ја направите непосредно пред самиот процес на чистење: на тој начин е максимално ефикасна.

Измешајте хидроген и сода бикарбона. Кога содата ќе се раствори, додајте капка-две течен сапун, или средство за миење садови. Измешајте. Ставете ја течноста во празен распрскувач.

Испрскајте со средството на флеките.

Оставете ја пената да делува. Почекајте да се исуши. Потоа само исчеткајте со сува четка или користете правосмукалка за да ги соберете остатоците од содата.

Со ова средство можете да го исчистите и освежите целиот душек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi