Зошто е неопходно тампоните да се менуваат на три часа

19 декември, 20160
5

Поради топлината и влажноста во вагината, на тампоните многу брзо и лесно се размножуваат микроорганизми, па се зголемува ризикот од појава на синдром на токсичен шок.

Дека тампоните навистина можат да го загрозат здравјето на жената укажува алармантно покачениот број на жени во Велика Британија што се хоспитализирани поради токсичен шок. Лекарите востановиле дека станува збор за труење со тампони. Д-р Питер Килверт од Здружението за заштита на жените објасни дека до шокот доаѓа кога бактеријата стафилококус ауреус ќе излачи отров (токсин), кој преку крвта се шири во организмот, го совладува имунолошкиот систем и ги напаѓа сите органи. Овој синдром е многу редок, но и многу опасен.

„Половина од случаите на токсичен шок се случуваат кај жени што користат тампони, бидејќи секој од нив има дел што реагира во контакт со бактериите и го поттикнува ослободувањето на нивниот токсин“, објаснува д-р Кливерт.

Синдромот на токсичен шок не е врзан исклучиво за гинекологијата, иако најчесто се поврзува со употребата на тампони за време на менструалниот циклус. За среќа, можноста за појава на ова сериозно нарушување е мала, посебно ако тампоните се користат правилно и ако се менуваат на секои три часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi